Испливаа стари фотографии со пoкојниот Војо Стојаноски – погледнете во какво друштво беше тогаш пејачот
Легендарниот пејач во друштво со неколку познати убавици
Неколку фотографии што се појавија на социјалните мрежи, а кои предизвикаа носталгија кај многумина
Нашата позната фолк-пејачка Анета Наковска сподели неколку стари фотографии на кои ги означи Ели Танасовска и Јасмина Гуњова, а на кои е и македонскиот фолк-пејач Воислав Стојаноски – Војо.
Во описот на фотографиите Анета ги потсети своите фанови дека се направени на фестивалот Валандово во 2011 година кога таа и Војо го освоија второто место со нивната заедничка песна „Манастир“.
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Ели, ова ми излезе во спомени, за мене најубавото Валандово, можеби бидејќи со покоен Војо (вечна му слава) добивме втора награда од жири за Манастир, се потсети познатата пејачка обраќајќи и се на Ели.
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Потсетуваме, нашиот легендарен пејач Воислав Стојаноски – Војо почина на 6. мај 2014 година, оставајќи бројни хитови зад себе кои ќе станат засекогаш да живеат во нашата народна музика.
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Војо почина по кратко боледување, а неговото заминување најтешко им падна на неговата сопруга Евица Камберова – Стојаноска и нивниот син Дамјан кој денес гордо чекори по стапките на својот татко.
Наследникот на Војо тогаш имаше 18 години и веќе неколку пати настапуваше со својот татко, а денес заедно со својот братучед Влатко Миладиноски важат за едни од најпопуларните фолк-пејачи од помладата генерација како кај нас, така и кај нашинците од дијаспората.
Песната со која што Војо и Анета се претставија тогаш на фестивалот во Валандово и го освоија второто место од жирито се уште се слуша како на радиостаниците, така и на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
А како тие звучеа во дует, слушнете во продолжение…