Испливаа првите фотографии од ќерката на Цеца како НЕВЕСТА – тајната венчавка ги изненади сите
Анастасија блескаше во елегантниот фустан, а младоженецот беше облечен во опуштено издание
Во вилата на Цеца Ражнатовиќ денес беше весело
Во вилата на Цеца Ражнатовиќ во Белград, каде Анастасија и Немања Гудељ склопија и го прославија граѓанскиот брак пристигнаа дедото и бабата – родителите на популарната фолк-пејачка.
Баба Мира и дедото Слободан посебно беа дотерани за оваа пригода иако во домот владее опуштена атмосфера.
И додека мајката на Цеца носеше црна комбинација, нејзиниот сопруг, односно таткото на пејачката, носеше крем костум.
Инстаграм
Нивниот внук Вељко на својот Инстаграм објави заедничка фотографија со нив, а покрај дедото и бабата на фотографијата се гледаат и музичарите како и камерманот којшто го снима настанот.
На интимната церемонија што се случи во вилата на Цеца присуствуваа само најтесниот круг на пријатели и роднини.
Инстаграм
Невестата не носеше класична венчаница, туку елегантен, тесен фустан во беж нијанса, додека Немања носеше бела маичка.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По церемонијата се огласи и Цеца, која за „Блиц“ изјави дека е пресреќна и дека се радува на овој ден како никогаш досега.
Инстаграм
Им посакувам да се сакаат и почитуваат, а сé што животот им носи да го поминат во љубов, изјави Цеца за споменатиот портал.