Исплива стара фотографија од пред 30 години со Благица Павловска – проѕирен фустан и тело како газела
Еве како изгледала пејачката во 1993 година

Пејачката Благица Павловска веќе со децении важи за една од нашите најпознати фолк пејачки.
Благица на 4 декември треба да го прослави својот 65 роденден, па во пресрет на овој значаен датум за неа скокнавме на нејзиниот профил на социјалните мрежи и таму не чекаше вистинско изненадување. Имено, пејачката неодамна споделила една фотографија од далечната 1993 година на која е во најдобрите денови.
Облечена во фустан со животински дезен и проѕирни детали Благица едноставно блескаше во ова свое вонсериско издание, а во коментарите се уште можат да се прочитаат бројни комплименти на сметка на нејзиниот поранешен, но и сегашен изглед.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска (Везилка)
Инаку, Благица покрај својата соло кариера често настапуваше и со групата Четири грации каде покрај Благица се и Андријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Нејзиниот прв албум е издаден 1993 година, „Не можам да те заборавам“, и оттогаш има снимено бројни песни кои и ден-денес е големи хитови.
Таа радо се сеќава на своите почетоци, а овие фотографии будат стари спомени што нема никогаш да ги заборави.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Интересно е и тоа што Благица и денес изгледа убаво за свои години, а многумина заклучија дека многу не се променила.
Како таа изгледала на почетокот од својата кариера, но и неколку нејзини изданија од поново време, погледнете од фотографиите во продолжение…
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Инаку, Благица на својот Фејсбук деновиве сподели и фотографии од крст под кој го остави следниот коментар:
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
„Денес добив крст на подарок! За мојот роденден кој ќе биде на 4 декември на празникот Пречиста. Молитвениот крст е ми биде употребен за сите молитви што веќе ги применува, Благодарам од срце на дарителот и слава венча на севишниот Бог Амин+++, Амин+++, Амин+++“, напиша Благица.