Исплива стара фотографија од омилената водителка во Македонија – колешките заради ова и завидуваат
Еве како изгледала водителката пред две децении
Оваа дама со причина важи за една од нашите најпознати, но и најшармантни телевизиски водителки.
Водителката Лила Филиповска веќе со децении е една од најпосакуваните и најпознатите лица на нашите мали екрани.
Но покрај својата долгогодишна успешна кариера како водителка, оваа прекрасна дама денес може да се пофали и како една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи. Имено, Лила и во својата шеста деценија речиси секојдневно објавува снимки и фотки на Инстаграм и Фејсбук, а за неа многумина велат дека и денес изгледа добро како и на почетокот од кариерата.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа секако е една од оние жени за кои времето како да стои, а тоа можеме да го видиме и од нејзината следна фотографија.
Имено, Лила на својот профил објави фотографија од 2003 година, а многумина забележаа дека иако поминале повеќе од цел две децении, убавата водителка речиси воопшто не се променила.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Лила оваа година ќе го прослави својот 53 роденден, но нејзините објави никако не одат во прилог на тоа дека е во шестата деценија.
Таа успешно го негува и успеа да го задржи својот младешки изглед и линија, па и денес ваи за една од најшармантните водителки.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Тоа најдобро можеме да го видиме и од нејзините последни објави на кои позираше во неколку различни модели на костим за капење, а на кои можат да и завидуваат и двојно помлади колешки.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Погледнете ги фотографиите што следуваат и сами проценете дали има вистина во сето ова….