Исплива приватна фотка од водителка на Канал 5 телевизија – не сте ја виделе во вакво издание
Еве што прави убавата водителка кога не е пред камерите
Подготвена е за нови предизвици
Нашата позната водителка Милена Антовска-Станковска во последно време се почесто објавува фотки на социјалните мрежи.
Но покрај оние кои се направени во студиото н Канал 5 телевизија, Милена често објавува фотографии и од своето секојдневие.
И додека како водителка на една од најгледаните утрински емисии на ТВ секогаш ја гледаме стокмена од глава до пети, на нејзиниот Инстаграм можеме да ја видиме и во малку поопуштени варијанти.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Така беше и овој пат кога Милена објави фотографија и покажа како изгледа кога не е пред телевизиските камери.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
На оваа фотографија што ја објави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм Милена носи тесни црни фармерки и бела куса маичка, додека на лицето има беспрекорна шминка која очигледно ја направила за снимање, како и преубавата фризура со локнички со кои подоцна ќе се појави во емисијата.
Но она што многумина го забележаа е дека Милена и во едно вакво кежул издание изгледа подеднакво убаво.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Тесните фармерки и „кроп-топ“ маичката ја истакнаа нејзината витка линија, па таа ги воодушеви сите со својата природна убавина.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Таа е една млада и негувана дама, успешна жена и мајка на две прекрасни ќерки, која го сака природниот изглед и убавина, и која знае да го истакне она нешто посебно што секоја жена го има во себе.
А како изгледа кога е подготвена за пред камери, со сета онаа телевизиска магија околу себе, погледнете во продолжение: