Исплива заедничко селфи на Горан Алачки и Марина Дојчиновска – вљубени како и првиот ден
Нова заедничка фотографија на познатиот пар
Познатиот македонски хармоникаш, Горан Алачки, зад себе има еден брак, со фолк-пејачката и водителката Адријана Алачки.
Горан и Адријана одамна се разделени, а хармоникашот веќе подолго време е во врска со поранешната македонска водителка Марина Дојчиновска.
Тие двајцата се во емотивна врска веќе подолго време, а сега на социјалните мрежи „исплива” фотографија која најдобро го покажуваа нивниот однос. Фотографијата всушност ја објави самиот Алачки на својата Фејсбук страница и истата веднаш предизвика лавина од реакции кај нивните блиски пријатели и бројни фанови.
Романтичната фотографија зрачи со љубов, а на неа и двајцата изгледаат пресреќно.
Инаку, Горан е еден од најпознатите хармоникаши и музичари кај нас, автор на многу фолк песни кои се хит кај нас но и во дијаспората. Тој своевремено беше дел од фолк-триото „Адријана и Ирена“, заедно со Ирена Спасовска и неговата поранешна сопруга Адријана Алачки.
Горан и Адријана, сегашната водителка на познатата емисија за готвење, „Вкусот на традицијата“, беа 25 години во брак и од овој брак имаат две деца, ќерката Грациела и синот Благоја. Тие и покрај тоа што се разведени, останаа во добри односи до ден-денешен, посебно заради децата коишто останаа да живеат со мајката.
Од друга страна пак, Марина водителката на култната емисијата Македониум, што се емитуваше на телевизија Сонце, веќе неколку години се занимава со приватен бизнис.
Како што самата изјави во една пригода, неа и нејзиниот сакан ги споила нивната генерација (тие и двајцата се родни во 1965), односно генерациската сличност во резоните и погледите кон светот,
„Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото.“
„Тоа е предуслов за квалитетно функционирање на една врска“, откри во една пригода Дојчиновска.
Таа сега е претприемачка, фокусирана на здравиот живот и на се здраво што доаѓа во животот, а тука е секако и љубовта.
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки