Исплива досега невидена фотографија од Џамбазов и неговата сестра – погледнете како изгледале во младоста, со своите дедо и баба!
Уште од мали нозе е на малите екрани, а веќе неколку децении се чини дека неговата популарност само се зголемува.
Игор Џамбазов со актерството започнува да се занимава уште на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватролав Мимица. Потоа, на 12 годишна возраст ја игра улогата на Трајче во филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играше главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.
По дипломирање работел во Драмски театар, а потоа и во МНТ каде сè уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко.
Игор е горд на своето семејство, па неодамна објави досега невидена фотографија од него и неговата сестра Тања во друштво толку со неговиот дедо, легендарниот Петре Прличко и неговата баба Нада.
И Игор и неговата сестра се многу млади и изгледаат неверојатно.
– Петре Прличко со неговата сопруга Нада и внуците Тања и Игор Џамбазови. Фотографијата е направена во 1987 година-напиша Игор под објавата.
Освен како актер, Игор уште на многу рана возраст започнал да се занимава и со музика.
На само 12 години, во 1975 ја формирал својата прва група ПОП и со неа активно ординирал по скопските гаражи и атомски скривници. Уметничката атмосфера која владеела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката, а се досега Игор може да се пофали со многу хитови зад него.
Секако голем впечаток остави и како водител на Супер Бинго, каде се покажа како вистински шоумен.
Одлично се снаоѓа и како текстописец кој има напишано неколку песни кои на почетокот на 20-от век беа вистински хитови, меѓу кои на Ребека (Нешто убаво), на Брејк (Во бестрага), кога го режирал спотот на Ареа (за темата Слободен) и конечно го реализира најамбициозниот соло проект „Ова не е блуз“.
Освен музиката и актерството Игор има напишано и неколку книги на кои вистински се гордее.
Талентиран и уникатен Игор секогаш може да смисли нешто ново, па така во ова поново време тој стана и инфлуенсер, па доста е активен на социјалните мрежи.
Во изминатите година дена тој ги освои симпатиите на сите и поради неговата љубовна врска со алпинистката Илина Арсова.
Тие ги освоија симпатиите на целата јавност со своите прекрасни фотографии, а многумина се среќни што најомилениот актер, шоумен, музичар, писател и уште што ли не, конечно е среќно заљубен.