„Исплива“ видео со Анета што многумина ќе расплаче – пејачката никогаш не звучела поемотивно
Ова старо видео од нашата фолк дива се уште е хит
Отсекогаш била една од нашите најдобри пејачки
Познатата македонска пејачка Анета Љумаковска отсекогаш важела за една од нашите омилени фолк диви.
И додека беше дел од групата „Молика“, но и сега откако настапува сама, таа ги освојуваше публиката со својот глас, а дека тоа навистина е така сведочи и едно постаро видео од 2018 година.
Имено, на Јутјуб се уште е хит видеото од нејзиниот настап во „Гранд“ од пред неколку години кога ги распамети сите.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Во оваа емисија тогаш гостуваше и нејзината колешка Гоца Тржан која исто така не остана рамнодушна кога ја слушна Анета како пее.
Нашата пејачка тогаш се претстави со хит од Селин Дион, а Милица Тодоровиќ толку беше емотивно погодена од песната и начинот на кој Анета ја пееше што одвај издржа да не се расплаче.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
На оваа нејзина генијална изведба не остана рамнодушен ни водителот, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение.
Потсетуваме, Анета Љумаковска во последно време е поприлично активна, а неодамна се појави и со нова песна.
Принтскрин/ Јутјуб
Таа ги изненади своите фанови и со новиот имиџ што го „фура“, а многумина велат дека сега е поубава од кога било досега.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Па како изгледаше Анета во 2018 година кога го украде шуто во „Гранд“, но и како изгледа сега, погледнете во продолжение…