Ислива стара фотографија од Христијан Мицкоски- политичарот НЕПРЕПОЗНАТЛИВ, но од сопругата уште повеќе ќе се изненадите!
Често го гледаме сериозен и во костим, а сега протече стара фотографија во едно поинакво издание.
Политичарите често поради службените настани се принудени да носат костими и кравати, но нормално не секогаш може да се видат во такво издание.
Еден од позафатените политичари во Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски често пешачи или се искачува на Водно и може да го видиме и во поопуштено издание, а сега протече и фотографија од младоста.
Фотографијата е од војничките денови на Христијан заедно со неговата сопруга, во тоа време девојка.
Фото: Фејсбук/ Христијан Мицковски
Двајцата млади, но Мицкоски речиси и непрепознатлив.
Неговата сопруга Рози Мицкоска е родена струмичанка, а во Скопје живее од 1996 година кога дошла и се запишала на студии. Со нејзиниот сопруг Христијан заедно сè уште до студентските денови, а во брачните води запловија во 2005 година.
-Бевме студенти на прва година факултет, нејзиниот братучед беше со мене во иста паралелка на Машински факултет, а и таа исто, често се дружевме и таа доаѓаше на гости кај нејзиниот братучед, но дури после 4 години ја започнавме врската, а потоа после 4 години и се венчавме-рече Мицкоски во интервју за „Бекстејџ“.
Во 2006 година го добија првиот син, а потоа уште еден син кој годинава наполни 5 години.
Тој нагласи дека се среќно, просечно и стабилно семејство.
Неодамна нивниот постар син славеше полуматура, а гордиот татко се присети на деновите кога за првпат го пратил синот во училиште, па со емотивен статус му ја честиташе полуматурата.
„Помина како убав сон. Како вчера да беше кога заедно го слушнавме првото училишно ѕвоно, а денес славиме полуматура. Честитки синко! Од септември нов предизвик, скопската гимназија „Орце Николов“!“ напиша Мицкоски.
Инаку неговата сопруга Рози важи за вистинска дама, па каде и да се појави ги собира сите погледи.
Најчесто можеме да ја видиме во елегантни фустани и здолништа, во комбинација со високи потпетици и нејзиниот заштитен знак – убавата, руса коса.
Рози по професија е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“, а важи за жена која многу ја сака својата професија дава се од себе да ги поттикне тинејџерите да читаат книги и добро да го научат да го почитуваат мајчиниот јазик.
Фото: Фејсбук/ Христијан Мицковски
Фото: Фејсбук/ Христијан Мицковски
Фото: Фејсбук/ Христијан Мицковски
Фото: Фејсбук/ Христијан Мицковски