Искрено со Спасен Силјаноски: Не се сметам за екстра популарен, ниту пак сакам да ме нарекуваат ѕвезда
Спасен Силјаноски конечно ни откри кој е НАЈГОЛЕМИОТ ВИНОВНИК за неговиот хит „Ќе ти дојдам вечер“
Моментално најпопуларниот македонски пејач на фолк музика, Спасен Силјансоки, се сонча на Јадаранското море заедно со неговото семејство.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
И покрај тоа што е во Сплит на одмор, Спасен се согласи да одговори на неколку прашања за Гламур.мк.
Спасен, за почеток, ви благодариме што прифативте да одговорите на нашите прашања. Моментално го имате најголемиот хит на Блаканот, па која е формулата за правење хит?
Формула за правење хит нема!
Ако имаш формула сите ќе правевме хитови, едноставно треба да ја чувствувате музиката, да оставите на времето да ви дојде вистински иснпирација, да го почувствувате она што треба да го компонирате или испеете и да оставите поголем период откако ќе искомпонирате песна, бидејќи откако ќе ја напишете и искомпонирате песната по неколку недели, па и месеци ви доаѓаат повеќе идеи како би можела да се промени. Можеби тоа е еден пресуден елемен во мојата работа која ми дозволува во правење на добра песна.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Секоја песна која ја правите во еден или два дена верувајте ќе ја имате само на бројка, таа нема да биде добра песна, може по некоја случајност да стане популарна, не верувам дека ќе достигне некое големо ниво на слушаност. Секогаш треба да бидете инвентивен, да имате идеја и тоа да ви дојде од внтаре од душата и од срцето за да ја компонирате и да ја испеете.
Претчувствувавте ли дека еден ден оваа песна ќе се пее во сечиј дом?
Песната „Ќе ти дојдам“ е снимана уште во 2017 год, на Лешочки фолк фестивал. Од тогаш верував дека ќе биде слушана, како и што беше, веднаш стана хит откако ја испеав и почна да се слуша меѓу љубителите на македонската народна песна.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Единствена прагматика ми беше дали ќе ја прифати помладата публика и надвор од Балканот, за тоа не бев сигурен и еве по 5 години песната почна да се слуша и низ целиот Балкан , па и низ целиот свет. И баш ми е мило што ја слушаат сите генерации од најмало до најстаро. А и оние, еве посебно за кај нас во Македонија, што не го слушаат народниот мелос и што тврдеа дека тие песни се сељачки,„ ние см е урбани, клубски ликови… “ е сега истата таа песна, кога ќе дојдат пејачи од соседството и ќе им ја испеат по клубови, истите тие луѓе на таа песна врескаат, урлаат, што ми паѓа задоволство, но во исто време ми е и чудно.
Зошто песната „Ќе ти дојдам“ што е песна од Спасен Силјаноски требаше да ја испее или да ја испопуларизира некој надвор од Македонија за да сфатат дека песната е добра!?
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Благодарение на таа песна сум моментално во Сплит. Да ви се пофалам и дека имав еден прекрасен,многу голем концерт,со илјадници луѓе туристи од цел Балкан и пошироко и ја пееја сите на еден глас.
Што мислите кој е главниот „виновник“ за песната да стена вирална? Со оглед на тоа што станува збор за постара песна, знаете ли како исплива на површина ?
Мојата песна беше слушана во Македонија и беше навистина голем хит и пред да стане вирална на ТИК -ТОК, песната на јутјуб имаше МНОГУ прегледи само од тие слушатели на македонската народна песна. А толку вирална на Блаканот стана мислем дека благодарение на едни Афроамериканци кои првпат снимаа видео со позадина на таа песна , па потоа Теа Теировиќ, Џогани, Рада Манојловиќ и многу други балкански ѕвезди.
@filipstefanovskii
Колку песната „Ќе ти дојдам вечер“ ви го промени животот? Водите евиденција колку пати ја отпеавте последниве месеци ? :)
Морам да признаам дека ми ја промени кариерата, но животот не може да ми го промени, јас останав истиот без разлика кое ниво на популарност сум го достигнал или ќе го достигнам, јас сум Спасен Силјановски обичен човек, нормален човек, човек со народот. Не се сметам за екстра популарен ниту сакам да ме нарекуваат ѕвезда. Во Македонија нема простор да се правите ѕвезди. Ние имаме малку консументи на македонска народна фолк музика, сите се знаеме, се гледаме по настапи. Човек со сила да се прави ѕвезда и да лета во облаци не е добро без разлика на моменталната ситуација и моменталната популарност, секој терба да остане присебен и достен изведувач.
Во однос на моите настапи се зголемија откако стана песната вирална и морам да го признаам тоа.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Последниве неколку месеци ја имам испеано многу пати, последниов период сум многу често на свадби, таму се пее неколку пати и тоа на барање на гостите.
Јас не практикувам на мој настап да повторувам песна, но се случува оваа песна да се пее и по 7-8 пати по желба на гостите или младите кои ме викнале . Верувам дека по толку пеење нема да стане досадна.