Ирена Спировска облечена како водителката на Гранд: На која подобро ѝ прилега фустанот?
Македонската водителка се појави на снимање во ист стајлинг како популарната водителка од Гранд.
Ирена сподели фотографија на која позира во сличен фустан каков што српската водителка Сања Кужет носеше на Ѕвездите на Гранд.
Ирена Спировска е една од нашите најдобри водителки, а со години се вбројува во една од најубавите жени во Македонија.
Отсекогаш изгледала фит и неодоливо, а тоа е благодарение на спортскиот дух и внимавањето на исхраната.
Вајаните стомачни мускули и негуваната кожа прават водителката да изгледа неколку децении помладо, буквално како времето да запрело за неа.
Планинарењето и велосипедизмот се дел од нејзините активности во слободното време.
На нејзината вајана фигура во бикини може да позавидат и помладите девојки.
Досега има работено на многу телевизиски проекти, а последно на што долго се заржа е емисијата „Везилка“ на Алфа телевизија.
Од емисија во емисија Ирена се труди да изгледа поразлично, но и да го задржи елегантниот стил.
Со последниот стајлинг изненади многумина откако на снимање се појави во сличен фустан каков што водителката Сања Кужеш носеше за снимање во Гранд.
Станува збор за зелен фустан со качулка, украсен со циркони, а кој олично ја следи линијата на телото.
Што мислите, на која водителка подобро ѝ прилега?
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска