Водителката Ирена Спировска во тесни панталони од латекс какви носи и Ким Кардашијан
Нашата шармантна водителка не е позната по провокативни изданија, но овој пат се покажа во малку поинакво светло и ги воодушеви сите со својот смел избор.
Имено, водителката Ирена Спировска навикнати сме да ја гледаме во елегантни фустани и здолништа или панталони што ја следат линијата на женското тело, но овој пат одлучи да не изненади со малку поразличен стајлинг.
Имено, панталоните од латекс се хит во целиот свет, па очигледно дека и Ирена не можеше да ми одолее на овој тренд.
Интересно е што вакви латекс панталони какви што носи Ирена важат за еден од најпопуларните трендови во светот, но и кај нас. За нивната популарност можеби највиновна е најпознатата ријалити, Ким Кардашијан, која едноставно обожава да носи се’ што е од латекс. А тоа дека е во прашање навистина голем тренд зборува и фактот што и кај нас речиси секоја девојка што сака да биде во чекор со модата веќе има барем едно парче вакви панталони во плакарите.
Што се однесува до Ирена, таа очигледно има повеќе различни модели, а како и стојат проценете сами.
.