Ирена се соблече во костим за капење, во преден план големата тетоважа – еве како ужива пејаката
Ги спакува куферите и замина да ги наполни батериите
Популарната фолк-пејачка е позната по својот младешки дух, а сега покажа и како изгледа додека ужива на плажа.
Познатата македонска фолк-пејачка Ирена Спасовска на својот Инстаграм објави фотографии од нејзиниот годишен одмор со кои ги воодушеви своите верни обожаватели на оваа социјална мрежа.
Таа се фотографираше додека уживаше на лежалката, свртена со грбот кон сонцето и со нејзината тетоважа во преден план.
„Прифатете се, сакајте го животот и бидете среќни“, им порача пејачката на своите фанови под фотографијата.
Спасовска се заштити од сонцето со големи црни очила, а устата ја истакна со кармин во нежна розова нијанса.
Ова нејзино издание на Инстаграм не помина незабележано, па пејачката доби голем број коментари на сметка на својот изглед.
Таа претходно објави и како изгледа апартманот во кој е сместена со преубав поглед кон базените од хотелот.
Инаку, пејачката оваа година батериите си ги полни во Тунис, но се уште нема откриено со кого е замината на ова патување.
По враќање од одморот таа повторно им се враќа на обврските и своите бројни настапи што ги има во текот на цело лето.
Таа пред неколку недели беше на краток одмор и во Охрид, од каде исто така ги поздрави своите фанови со фотка во костим за капење.
Погледнете ги и останатите нејзини фотографии…
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска