Реклама
Фитнес

Инструкторка по фитнес ни открива еден трик кој има ефект на 100 стомачни

Реклама

Порано вежбав како луда, но сега ова е многу подобро …

На сите ни се случило она кога го вовлекуваме стомакот за да излеземе секси на фотографиите, нели?

Маркетинг

Но дали сте знаеле дека тоа не ви прави добро само за тој момент, туку и долготрајно. Инструкторката Карли Ендрус вели дека вовлекувањето на стомакот може да биде еквивалентно и да влијае како да сте направиле стотина стомачни дневно.

„Порано вежбав како луда за да го стегнам стомакот, но сега сфатив дека фокусот на помали мускули може да направи голема разлика во рамнотежата, стабилноста и извлекување на најголема корист од вежбите за стомачните мускули. Правилно ангажирање на мускулите со длабоко јадро е клучно и вреди за сите облици на движење во животот. Без употреба на тие мускули помалку сме стабилни и склони на повреди“, објаснува Ендру за Дејли Мејл.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Bjgan_whQBL/?utm_source=ig_embed

 

Таа истакнува дека своето беспрекорно тело го должи на вежбањето мускули со длабоко јадро и тоа на дневна база.

„Го правам тоа за да бидам сигурна дека ја одржувам вистинската техника во текот на своите часови по пилатес“, објаснува таа.

https://www.instagram.com/p/BoM48jdFTAV/?taken-by=thatpilatespassion

 

Според нејзините зборови, вежбата е многу едноставна и може да се прави и во лежечка, клекната или исправена позиција. Се што треба да направите е следново:

„Земете воздух и опуштето го стомакот. Потоа испуштете го воздухот и залепете го папокот за р’бетот, вовлечете ги ребрата и подигнете ги колковите како да се обидувате да ја задржите мокрачата“.

https://www.instagram.com/p/BoH3aUDFUA2/?taken-by=thatpilatespassion

 

Правете го овој режим три минути пред вежбање, и тоа правете минута, па минута одморете, па повторно уште една минута. Можете да се гледате во огледало за да бидете сигурни дека правилно ги првите вежбите, вели Ендрус.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button