Имаше 135 килограми, но по операцијата се преполови – ослабна петнаесет килограми за само 10 дена и планира уште дваесет!
Дарко Лазиќ во октомври 2018 имаше сообраќајна несреќа по која мораше да му направат бројни операции.
Заради овие проблеми тој поприлично се поправи, а вишокот килограми во последно време се повеќе му пречеше.
Па откако пејачот реши да направи операција за намалување на желудникот, за само десет дена ослабна преку 15 килограми. Сега се чувствува многу подобро, подобро се движи, а и болките во колковите му се многу помали.
„Никогаш не сум се чувствувал толку убаво, како да се ослободив од некоја голема тежина. Првите пет шест дена беше тешко, но сега е ОК“, изјави тој.
Тој вели дека покрај диетата мора редовно да има и физички активности, но заради килограмите и оптоварувањето на колкот не може лесно да напредува. Затоа решил да ослабне на некој друг начин, па заклучил дека ова е најдоброто решение за да ослабне што е можно побрзо.
По операцијата Дарко морал да го смени и начинот на исхрана, а како што истакна сам, сега јаде исто што и неговиот седум месечен син.
„На Марина сега и е полесно, бидејќи кога прави храна за Алексеј, прави и за мене. Во моментов ги јадам кашите што ги јаде и бебето, така што сега јас и тој водиме војна“, изјави Дарко, а пренесе „Пинк“.
„Операцијата ја поминав одлично. Докторите ми кажаа дека морам да внимавам што земам од храна, како и дека нема да можам многу да изедам. И навистина е така. Јадам многу помалку од порано, едноставно не можам. Ослабнав 10 килограми за 15 дена и се подобро се’ чувствувам. Најтешко ми е што не можам да испијам ракијче наутро со кафенцето! Тоа ми беше навика. Алкохолот ми е строго забранет и се придржувам до тоа“, раскажува Лазиќ.
Тој додаде дека има желба да има 85 килограми. Докторите му кажале дека треба да поминат неколку месеци за потполно да биде задоволен од изгледот. И дека не е важно само што ќе ослабне, туку и што ќе биде поздрав.
„Марина не се одвои од мене по операцијата. Таа е мојот ангел чувар, постојано ми зборува дека најважно е што сум жив и здрав. Таа и ме наговори да го намалам желудникот. Свесен сум дека многу пати главата ми беше во торба, но сега сум спремен да ги менувам моите животни навики“, заклучи познатиот пејач, а пренесе порталот „Пинк.рс“.