Реклама
Вирално

„Имам 28 години и по 19 дена лавовска борба ја победив короната“, Стефан ги предупредува сите млади за пеkолот низ кој поминал и борбата за здив

Реклама

До неодамна здравствената порака беше совршено јасно – колку сте постари, тоа е поголем разикот да заболите од коронавирусот. Но СЗО ги предупреди младите да не се доживуваат себеси како „недопирливи“.

Ова се покажа како точно, а на своја кожа го почувствува и Стефан Радовиќ, борец за човекови права. Еве што следочеше тој за борбата со болеста во болницата во Куршумлија:

Маркетинг

„Имам 28 години и по 19 дена лавовска борба и два позитивни тестови го победив коронавирусот.

Моите тегоби почнаа во формна за покачена телесна температура која се движеше од 37,2 до 37,8 – малаксаност, губење на апетит, губење на сетилот за мирис, вкус, неподносливи мачнини, диареја, кашлање и отежнато дишење.

Маркетинг

Во Ковид амбулантата во Здравствениот дом Куршумлија, се јавив на 27 јуни. Веднаш сум прегледан и направена ми е целата неопходна дијагностика.

Бидејќи имам проблеми со алергии и слаб имунитет, мислев дека станува збор за тоа, па веќе од 28 јуни мојата состојба почнува да се влошува.

Бев врзан на кревет во смисла само да спијам, воопшто да не станувам, во полукомирана состојба, ништо не јадам, не пијам, имам температура и неподносливи мачнини и препотување. Целата храна ми се гадеше и ништо не можев да јадам.

Се борите за секоја секунда воздух како да се искачувате на врвот на Хималите, а болките во градите и пецкање со сите наведени симптоми стануваат се посилни. Од неподнослите болки во стомакот, со мачнини, нагон за повраќање и препотување во текот на ноќта лежев на патосот на собата, а екипата на Итната медицинска помош од Здравствениот дом во Куршумилија доаѓаше да му даде инјекција Диклофен, меѓутоа ништо не можеше да ги ублажи неподносливите мачнини.

Во понеделникот на 29 јуни во ковид амбулантата при Здравствениот дом во Куршумлија, направен ми е ПЦР тести, и ако бев во многу лоша состојба што не можев да стојам на нозе, не ни насетував дека тестот ќе ми биде позитивен.

На први јули попладне ми јавија дека тестот е позитивен.

За мене како млада лилност, тоа во прв момент беше голем шок, неверување, и животот од тој момент ми се промени за 180 степени. Од тој момент секоја секунда почнува борбата за живот. Лавовска борба со нешто што е непознато.

Се натерав да мислам позитивно. Паниката нема смисла. Во тоа, како и подоцна во текот на лекувањето многу ми помогнаа вистинските и искрени пријатели, зошто во вакви ситуации гледате кои ви се вистински пријатели и тие ви се од големо значење.

Веќе на втори јули по повторниот трет по ред преглед во ковид-амбулантата во Куршумлија, по направената лабораторија поради влошената состојба итно сум префрлен и хоспитализиран во Општата болница „Д-р Алекса Савиќ“ во Прокупље која е ковид центар за Топличкиот регон.

Тука на лекување помина седум дена.

Седум долги денови и ноќи и Лавовска битка за секој здив, од болките кои ги имав се виткав на подот на болничката соба барајќи поза во која барем малку ќе ми биде полесно, но во ниту еден момент, како и претходно во животот, не сум помислувал да се откажам, туку само да победам!

Пред неколку дена во болницата бев во лоша состојба. Само спиев, а мачнините беа неподносливи, подмолна болка во градите во вид на пецкање, поткашлување, диареја, и изгубено сетило за мирис и вкус. На одделението имаше повеќе млади отколку возрасни лица.

Во текот на ноќите кои беа дополнително тешки се слушаа како лицата прикачени на кислород се борат за живот, за воздух, додека сестрите и техничарите среде ноќ, под полна опрема неуморно исцрпени трчаат низ болничкиот ходник и влечат тешки боци со кислород до пациентот. Посебно ме трогна што две соби на одделението беа оставени за медицинските работници кои даваат свој максимум во оваа борба, кои максимално се трудат и заложуваат за секој пациент.

Од силната опрема која неуморните медицински работници ја носат можев дамо да им ги видам очите, грижливите очи, и да им го слушнам гласот. Тие ми влеваат надеж.

Покрај храбрите лекари и медицински работници, на мене впечаток му остави и болничарката која носеше храна и секогаш ми оставаше повеќе храна зошто сум на возраст како нејзините деца, и ми велеше „Мораш да се оправиш“. Знаете тие таму се еден вистински тим, кои ги спасуваат нашите животи, тим кој работи по 12 часа. Тим кого дома го чека своето семејство, децата, а ги ризикуваат своите животи заради пациентите, тие се херои, за жал никој за тоа не е свесен додека на своја кожа не почувствува и не види, како, додека стојат пред мојот кревет и ми приклучуваат инфузија, им капе пот, а исто се случуваше и со лекарите во ковид амбулантата во Куршумлија, као и на визитата во болницата во Прокупље, додека прегледуваат им тече пот низ опремата. НАШИТЕ ХЕРОИ.

Лекарите и медицинскиот персонал работат деноноќно со полна опрема, а тестови има доволно, меѓутоа одговорност на луѓето нема и многу ми е жал поради тоа, зошто ова е најлошото искуство во мојот живот и не ги го поскала никому. Затоа апелирам да се почитуваат пропишаните мерки од здравствената фела и надлежните органи, за да не завршите во болница и да се борите за воздух и живот како што мене ми се случи.

По 19 дена лавовска борба, сега сум негативен, короната е победена, но борбата продолжува зошто сега кога по најмалиот напор дома чувствувам замор и губам здив, а често имам и пецкање во градите, од страна на лекарите ми е кажано дека за оправување на организмот потребно е најмалку месец дена. Сакам во оваа прилика да им се заблагодарам на сите прекрасни лекари, медицински работници, но и на моите вистински пријатели кои се зазедоа за мене, самите ќе се пронајдат.

Во мојот случај, ракувања, гушкања и бакнување немаше, па најверојатно станува збор за вдишување преку воздух.

Сето ова го зборувам со цел да се подигне свеста кај луѓето и да се почитуваат мерките на надлежните и со тоа да се заштитиме себеси, своите како и другите“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button