Вести

ИМАЛО РЕШЕНИЕ – само вака можете со стар пасош од Македонија да стигнете во Европа

Advertisement

Уште еден Македонец сподели искуство како со пасошот со старото име на државата влегол во Хрватска.

Корисник на социјалните мрежи објави видео во кое може да се види дека со стар пасош на кој нема „северна без проблем влегол во Хрватска, на граничниот премин Батровци – Бајаково.
„Во Хрватска со стар пасош. Со стар пасош можеш било каде освен во Македонија“ – напиша патникот на социјалните мрежи.

Advertisement

Многумина го користат граничниот премин со Србија каде може да се излезе со стара лична карта а потоа, од таму се упатуваат кон Хрватска каде што го примаат стариот пасош. Од Хрватска Европа е веќе отворена и преку Шенген се стига речи си секаде.

Скопјанецот Марко Илиевски го сподели искуството на социјалните мрежи откако со стариот пасош на кој пишува “Република Македонија“ успеал да стигне во Македонија без никој да му направи проблеми. Во неговиот пост тој напиша дека патувал од Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош иако од нашата амбасада во Мадрид го убедувале дека му треба патен лист.

– “Дечки патував Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош. Никој не направи проблем. Амбасадата на Македонија во Мадрид ме убедуваше дека ми треба патен лист, али ете другите земји имаат повеќе респект према нас него оваа Северџганска влада. Ден поскоро да си го вратиме името бидејќи Преспанскиот договор не може да продуцира право и сево ова кое е негов производ е тешка небулоза“, пишува Илиевски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button