Диети

Неверојатна промена – имала 125, а за 11 месеци ослабнала 58 килограми – погледнете како изгледа сега благодарение на ова

Реклама
Реклама

Аријана Омипи (24), од Нов Зеланд загубила 58 килограми за само 11 месеци.

На почетокот на годинава имала 126, а сега има 68 килограми. Ова не ѝ е првпат толку драстично да ослабне.

Маркетинг

Пред четири години ослабнала 50 килограми за шест месеци и уште осум во наредните пет месеци, но килограмите ѝ се вратиле, бидејќи не можела да се одвикне да јаде нездрава храна. Била дури десет килограми потешка од пред диетата.

https://www.instagram.com/p/BrHMMJgFiDJ/

Маркетинг

 

Го опишала своето мени кога била дебела и сега:

Некогаш

Појадок: Ладно кафе со млеко со висока масленост, јајца, домати, авокадо, печурки, сланина и спанаќ

Ручек: 16 до 20 парчиња авокадо, суши со лосос и кока кола без шеќер

Вечера: 400 грама полнети пилешки прсти и пола килограм компир со салата од козјо сирење и коцки препечен леб

https://www.instagram.com/p/BoD8lx7hZvw/

 

Сега

Пред појадок: Краставица и капучино

Појадок: Шејк со две дози протеински прав, половина замрзната банана со спанаќ и половина кива

Ручек: Печени печурки со салата

Вечера: Половина порција грчка салата со 50 грама лосос

https://www.instagram.com/p/BrCLGauFJz-/

 

Десерт: Чај

„Сега се чувствувам дека имам контрола врз храната. Можам да подготвам нешто без желба или потреба тоа да го изедам. Мојот однос кон храната сега е многу поздрав“, рекла таа.

https://www.instagram.com/p/Bq66wJAlGtk/

https://www.instagram.com/p/BkEib4SBdgM/

 

 

Во губење на вишокот килограми ѝ помогнала операција на отстранување на дел од желудникот, во март оваа година. Тоа го направила бидејќи постојано била гладна, а сега е сита и од мала порција.

Освен што внимава на исхраната, два пати неделно вежба по 45 минути, со личен тренер, а за викенд планинари или шета со пријателите во природа. „Многу сум посреќна. Возбудена сум за она што ме чека во иднина“, додала оваа маркетинг водителка

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button