Реклама
Вести

ИМААТ 200 ГОДИНИ ЗАЕДНО: Ова е најстариот ПАР на светот, погледнете како изгледаше нивната СВАДБА!

Реклама

Запознајте ги стогодишната  Марџори Фитерман (102) и Берни Литман (100) кои се венчаа пред неколку недели, откако се сретнаа во нивниот дом за стари лица пред речиси десет години. Двојката која има 202 години заедно го собори Гинисовиот рекорд.

Младенците од Филаделфија докажаа дека никогаш не е доцна за брак, а нивните семејства се многу среќни за нив. Внуката на Берни, Сара, изјавила дека е одлично што нејзиниот дедо нашол жена со која нашол заеднички јазик во доцните години, пренесува Метро.

Берни претходно бил во брак, но неговата поранешна сопруга починала во 2012 година. Неколку години подоцна ја запознал Марџори на една забава и имале состанок на истиот ден кога се родила неговата правнука. Неговото семејство изјавило дека неговите планови да се ожени со Марџори биле „изненадување“ бидејќи претпоставувале дека ќе продолжат само да се дружат.

Маркетинг

И Марџори претходно била во брак,но знаеше дека некогаш повторно  „некој неверојатно посебен ќе дојде  во нејзиниот живот“ кога го запознала Берни.

Маркетинг

Ќерката на Берни, Сара, изјави дека двојката се пријавила за Гинисовата книга на рекорди и го заземале првото место како најсатриот љубовен пар во светот.

Фотографиите се преземени од Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button