ИМА НАДЕЖ: Оваа земја успеа да ја истреби короната, ниту еден заболен на 11,2 милиони жители – еве што направија
Главниот епидемиолог на кубанското министерство за јавно здравје Франциско Дуран, денеска ја симна својата маска за втор пат од почетокот на кризата за да пренесе добри вести.
Во саботата тоа го направи за првпат кога во Хавана е регистиран еден домашен случај.
– Секогаш ви велам да остането безбедни дома, но знам дека многумина ќе одат на плажа денеска, рече Дуран низ насмевка.
Изминатите недели потврдени се неколку случаи, сите во Хавана додека останатиот дел од земјата е без зараза повеќе од месец дена.
Куба со 11,2 милиони жители, добива високи оценки поради својот пристап кон пандемијата.
Силниот и бесплатен здравствен систем, потрагата по преносителите на вирусот од врата до врата, изолација на заболените, сомнителни случаи контактри ѝ овозможија на Куба да го задржи бројот на случаи од коронавирусот под 2.500 со 87 сmртни случаи.