Има 73 години а изгледа како девојка: Неда Украден ја откри тајната на витката линија и младешкиот изглед!
Многумина и подзавидуваат...
Неда Украден важи за една од најубавите пејачки во регионот, која го носи епитетот најзгодна баба, а на нејзиниот младешки изглед сите се воодушевуваат!
Сопственичката на безвременските хитови Неда Украден плени со својата убавина и енергија уште откако се појави на музичката сцена. Покрај тоа што пее феноменално, таа дури и дипломирала на два факултети, а бројните обврски не ја спречиле ниту на 73 години да изгледа многу подобро од помладите колешки.
Неда со години го одржува убавиот изглед, а сите се изненадени кога ќе слушнат колку години има. Сепак, таа речиси никогаш не отстапува од својата рутина, без разлика каде се наоѓа.
– Речиси секое утро со години правам вежби за тело и вежби за дишење. Не одам во теретана, поради мојата работа која вклучува постојано патување, би го изгубила членството во секоја. Наместо тоа, каде и да сум, во која хотелска соба и да сум, правам склекови и стомачни петнаесетина минути.
Таа со гордост истакнува дека одолеала на трендот на пластична хирургија и на неа се е природно!
– Вежбите не ми се премногу напорни, а мило ми е што резултатите се видливи и што на 73 години гордо можам да кажам Се на мене е мое! Убавината е во нас, кога ќе го препознаеме тоа, стануваме задоволни од самите себе – смета пејачката.
Неда откри дека клучот за нејзината витка линија е балансирана исхрана, а омилен зеленчук и е блитва.
– Сакам медитеранска храна. Овошје, зеленчук, маслиново масло, блитва, зготвена храна… Понекогаш посегнувам по торта или се почестувам со чинија тестенини. Но, кога ќе претерам еден ден, внимавам што ќе јадам следниот ден, па секогаш сум во рамнотежа. А рамнотежата е секогаш важна во животот – заклучила таа.