Трејси Андерсон, личниот тренер на ѕвездите Џенифер Лопез и Гвинет Полтроу, има неколку совети за вас со кои ќе изгледате изгледате одлично и во својата 40-та година.
Трејси Андерсон, личниот тренер на познатите дами како Џенифер Лопез и Гвинет Палтроу неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија од пред 23 години со цел да им покаже на своите обожаватели колку е променето нејзиното тело. И откако ќе ја видите нејзината фотографија сигурни сме дека и вие ќе се согласите дека оваа дама во својата 40-тта година од животот изгледа многу поубаво и посексапилно отколку што изгледала пред 20 и повеќе години.
https://www.instagram.com/p/Bl87LBfALR2/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Трејси признава дека главниот виновник за одличниот изглед е токму фитнесот и редовното и напорно вежбање. „Една од причините зошто сум толку фокусирана на мојата метода е бидејќи напорната работа лично ми се исплатеше. Секоја ’пред и потоа’ трансформација е единствена и верувам дека највредното нешто што оваа промена го носи не е видливо со голо око”, изјави Трејси.
Нејзината програма на која и е доследна до ден-денес Трејси ја исмисли пред 20 години кога сфатила дека нешто недостасува во нејзиниот фитнес тренинг.
https://www.instagram.com/p/BYVsikBAAsU/?taken-by=tracyandersonmethod
„Сакав да истражувам и сакав да бидам сигурна дека она што го откривам е 100 проценти точно. Мојата мисија отсекогаш била пронаоѓање на физичкиот баланс на најдобриот можен начин. Тајната на успехот е во пронаоѓање на нешто кое најмногу му одговара на вашето тело”, додава Андерсон.
https://www.instagram.com/p/BQobMkIAHHE/?taken-by=tracyandersonmethod
Според нејзините зборови, тајната на успехот е да се фокусирате на малите групи на мускули. Нејзините фитнес програми ги активираат токму овие групи на мускули и секогаш прави голем број повторувања, за разлика од повеќето тренери кои се фокусираат на зголемување на тежината со која вежбаат, но остануваат со мал број повторувања.
https://www.instagram.com/p/BRGuCzKgFZP/?taken-by=tracyandersonmethod
Познатите личности се воодушевени од нејзината работа, а на нејзината листа на клиенти покрај Џенифер Лопез и Гвинет Палтроу се наоѓаат многу звучни имиња како Моли Симс, Камерон Дијаз, па дури и Ким Кардашијан.
https://www.instagram.com/p/BTpiQLxgJrn/?taken-by=tracyandersonmethod