Реклама
Вирално

Им даруваше на сите живот, но како одеднаш да се заборави на тоа – познтиот водител остро застана во одбрана на Жан Митрев

Реклама

Вест која ја разбранува македонската јавност.

Во нашите медиуми, топ тема беше апсењето на Филан Митрев, синот на добро познатиот македонски кардиолог и некако целата таа ужасна вест како да создаде „сенка“ кај македонскиот народ се тоа што до сега докторот Жан Митрев има направено за луѓето и светот.

Маркетинг

Доктор Жан Митрев на многумина им го има продолжено животот, дури и на луѓе од кои сите кренале раце, па така неговата стручност и специјалност во областа на кардиологијата стана надеж за беснадежните пациенти.

Целата таа скандалозност со синот на најуспешниот кардилог во Македонија Жан Митрев го испровоцира водителот Ване Марковски да му искаже зборови на поддршка и уште еднаш јавно да му се заблагодари на доктор Митрев што го спасил животот на неговиот татко.

Маркетинг

Во продолжение прочитајте што Ване Марковски објави за кардиологот.

-Што се издржа Жан Митрев години и години од ова општество, дури и срам да те фати. Еј, ќе речеш доктор на кој цел свет му се поклонува, спасил толку животи, ама џабе, пак ќе се најде некоја Митра или некој Зоран, кои „оделе“ со син му на времето у градинка, па пиеле млеко од иста цуцла и од тогаш знаеле во што ќе се претвори еден ден. Па тоа теории, мудрувања … После ти очекувај со таква злоба да градиш еден ист и хуман свет. ПОДДРШКА ЗА ЧОВЕКОТ КОЈ ГО СПАСИ И ЖИВОТОТ НА ТАТКО МИ, КОГА СИТЕ СЕ ОТКАЖАА ОД НЕГО.

Поддршка за Жан Митрев дадоа и други јавни личности, со ваква поддршка докторот ќе успее да го преброди овој трауматичен период од животот и да продолжи да спасува животи како во Македонија така и во светот.

И светот повторно наголемо да пишува за успесите на познатиот кардиолог.

За потсетување, германските медиуми веста ја објавија во пред неколку денови дека 25-годишниот Филан Митрев, синот на Жан Митрев, во Германија е обвинет за подготовка на тepopистички напад.

„Frankfurter Rundschau“ минатата недела објави известување од судењето на кое три лица – Митрев и уште двајца турски државјани – се oбвинети за подготовка на тepopистички напад во околината на Франкфурт, кој за среќа е спречен.

Во извештајот Митрев го опишуваат како син на сопственик на угледна приватна клиника кој пред неколку години влегов во германскиот правосуден систем откако е yaпсeн за изнудување на пари и физички нaпад.

Но очигледно дека 25 годишниот Филан скршна од вистинскиот правец во својот живот откако неговиот татко со години му го плаќаше школувањето и му даваше џепарлак од 1000 евра месечно, што беше кажано на судењето. На судењето тој призна дека бил зависен од дpoги, како и дека се занимавал со кpaжба на помали износи на пари и заради сето тоа бил оcyден на казнa од две и пол години, а во затвopoт според наводите што ги објавија германските медиуми, го paдикaлизиpaле припадници на тepopистичката организација ИCИЛ, кои го натерале да премине во иcламот и да се вклучи во планиpaње на тepopистички активности.

– Сакав на моите родители да им покажам дека можам да го пронајдам својот пат, и дека тој пат е добар“, изјави младиот Филан пред судот.

На судењето беше и неговата мајка, инаку Германка и по занимање медицинска сестра, пишуваат германските медиуми.

„Додека беше малолетен, се обидував да му помогнам колку што тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред зaконот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал нajcтрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, изјави деновиве познатиот кардиохирург во интервју за телевизија Сител

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button