Реклама
Интервју

Илија Аргировски- Шале: „Шестото издание на Култиватор ќе биде посветено само на македонски уметници“

Реклама

Шеста година по ред се одржува најкултниот фестивал за музика, филм и уметност „Култиватор“. Оваа година во малку поинакво светло, со запазување на сите протоколи од 5-ти до 8-ми Октомври ќе уживаме на две локации, во добро познатите скопски локали Кино Карпош и БКВ Хибрид бар. За почетоците на фестивалот, за тоа што ќе понуди фестивалот оваа година, но и за тоа како е да се менаџираат два локала во време на пандемија разговараме со еден од основачите на фестивалот урбаниот скопски угостител Илија Аргировски- Шале.

Маркетинг

После 10 години активна работа на најурбаното место во градот „Кино Карпош“, решивте приказната да ја продолжите со „БКВ Хибрид бар“, која беше идејата и што ве мотивираше да го создадете ова место кое наскоро ќе го прослави и својот втор роденден?

Сите наши идеи и проекти во минатото и моментално се логично продолжение на нашата приказна за создавање нов креативен предизвик и забава , БКВ е предизвик поготово во последнава година во овие чудни времиња. Но на крај единствена идеја останува желбата да се креира нешто ново.

Маркетинг

Имате организирано неколку фестивали низ годините, но Фестивалот Култиватор веќе прерасна во традиција, како настана овој фестивал?

Култиватор е производ на потребата за промоција на наши македонски и странски артисти ширење на култура супкултура и уметност како што се филм, музика, видео арт, мода, дизајн ,скулптура, стрип, фотографија.

Како ќе ги сумирате изминатите пет успешни изданија на фестивалот Култиватор?

Култиватор расте и се развива од година во година со нови содржини, артисти, посетители. Секоја година програмата се развива и зголемува а посетеноста расте .

Што ќе содржи шестото издание на „Култиватор“ кое ќе се одржи од 5-ти до 8-ми Октомври?

Ова издание поради ситуацијата се разликува од минатите, ќе биде само на 2 локации Кино Карпош и БКВ Хибрид Бар, ќе им биде посветен само на македонски уметници и тоа видео артисти, музичка програма, филмови од македонски режисери, многу модни брендови, фотографи, скулптори и се разбира се ова со запазување на сите протоколи за заштита на здравјето на сите посетители во овие 4 дена. Датумите се 05,06,07,08 Октомври со почеток од 20 часот до 24.00.

Која е тајната на вашиот успех и како е да се менаџираат два локала истовремено во време на пандемија, кога бројот на гости е ограничен?

Многу искуство повеќе од 20 години и најважно од се супер луѓе со кој работиме нашиот стаф е нашата екипа за успех , сите заедно посветено и професионално ја тераме оваа приказна за гостите да бидат супер задоволни и сето тоа заедно е успех.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button