Илина Арсова објави фотографија од РОДИТЕЛИТЕ – тие се нејзините херои
Популарната македонска алпинистка покажа од кој ја наследила убавината.

Илина сподели ретро фотографија од своите родители и јавно му го честиташе роденденот на својот татко со емотивна порака.
Илина Арсова е македонската хероина што искачи неколку светски врвови и продолжува да реди успеси.

Македонија е горда на неа, но таа сепак одлучи да направи голем чекор и да замине да живее и работи во далечната Америка.
Познатата алпинистка замина во Тенеси, каде започнала да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, од каде добила и стипендија за докторски студии.

Илина е активна на социјалните мрежи каде често споделува фотографии и ги информира фановите каде е и што прави.
На нејзиниот профил најчесто може да се видат објави поврзани со нејзината работа, кои делуваат мотивирачки и инспиративно за сите да се активираат и да започнат со некаков спорт.

Нeјзините родители ѝ се најголема поддршка во сѐ што прави, а се чини дека тие први го разбудиле спортскиот дух кај Илина.
За нив вели дека се нејзините херои, а сега покажа и на кој повеќе личи.

Таа на Инстаграм сподели ретро-фотографија од мајка ѝ и татко ѝ по повод роденденот на нејзиниот татко и му напиша роденденска честитка.
Мора да се забележи дека таа е негова копија.
„Нека му е среќен роденденот на ова згодно момче, кое сосем случајно е најдобриот татко на светот. Ти благодарам и те сакам, мора да беше преизвик да се израснат вакви ќерки“, напиша таа во честитката.

ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова