Икона со мајката Божја заплака – Господ ни испрати знак, фотографијата е хит на Интернет
Оваа фотографија вчера се појави на интернет
Копија од иконата на Богородицата од Пеќ во храмот Свети Јован Владимир во Бар Црна гора вчера заплака.
Иконата веќе подолго време по малку мироточи, но вчера можеа да и се видат солзи на очите за што сведочи и фотографијата што беше објавена на Твитер. Оригиналот на оваа икона со Богородица се наоѓа во Патријаршијата во Пеќ и таа важи за чудотворна икона.
ЧУДО У ЦРНОЈ ГОРИ!
Копија Пећке Богородице у храму Светог Јована Владимира у Бару, усликна прије 30-так мин. pic.twitter.com/idZQEZJDAJ
Маркетинг— Milos Peric (@MilosPeric1244) December 12, 2019
Иконата била во рацете и на Свети Сава, а народот доаѓа да и се поклони уште од 8 век. Храмот на светиот Јован Владимир во Бар е најголема соборна црква во Црна Гора, а трети по големина храм на светот. Првиот е Храмот на Христос Спасителот во Москва, а вториот Храмот на Свети Сава во Белград.
Мироточењето на иконите е забележано на повеќе места низ целиот свет, а некогаш се случува дури и крвоточење.
Понекогаш се случува да мироточат и иконите во домовите на верниците.
Ваквата појава во народот се толкува пред се како лош знак и не може да помине незабележано. Ваквите икони во православната традиција се чуди и знак од Господа и тие најчесто ги предупредуваат верниците да се покајат, но и дека треба да имаат посилна вера.
Научниците пак овој необичен феномен го третираат како физичка појава што настанува заради кондензација на влага.
Saborni hram Svetog Jovana Vladimira #Bar pic.twitter.com/pjwqmn7ewh
— Бојан ?? (@Bojan1209) August 13, 2017
Но досега никој не објаснил зошто солзат баш очите.
Извор: Новости