Избравме неколку летни модели што се на попуст, а можеме да ги носиме и во есенскиот период
Попустите во овој период од годината се поприлично примамливи, но многу често ни се случува да се двоумиме дали да купиме нешто затоа што не знаеме дали воопшто ќе го носиме до следното лето.
Сепак постои голем список со производи за кои се исплаќа да потрошиме некој денар затоа што сега се многу поевтини, а воедно ќе можеме да ги носиме и во преодниот и есенскиот период. Па така меѓу нив на прво место се цветните летни фустани, а меѓу нив и оние без ракави или со кратки кои можат да ни бидат омилено женствено парче. Можеме без проблем да ги комбинираме со тексас или кожена јакна, а целото издание да го заокружиме со тренди чизми до глужд, додека во постудените есенски денови да ги „фураме“ со тенки блуски или ролки и подебели хулахопки.
Reebok
Патики
Платнените патики можеби не се идеални за дождливите есенски денови, но дефинитивно ќе ги носите минимум шест месеци во текот на годината. Модните гуруа предлагаат да избереме патики во посветли нијанси бидејќи подобро ќе го истакнуваат нашиот потемнет тен што го добивме за време на годишниот одмор, а од друга ситана и изгледаат одлично со летни фустани или панталони со кратки ногавици кои можеме да ги носиме и во есен.
Mango – тренди фармерки
Погледнете ги и останатите летни производи што можеме да ги носиме и преку есен:
Mango – сако фустан
Guliver
Mango
Mango – оверсајз тексас јакна
s.Oliver
Zara – шик панталони
Zara – блуза со цветови
Zara – кариран фустан
Zara – костум
Zara