Игор Џамбазов соопшти преубави вести – погледнете како и го честиташе РОДЕНДЕНОТ на најважната жена во неговиот живот
Секогаш оригинален и знае како да ве насмее.
Познатиот шоумен и поранешен водител Игор Џамбазов во последно време е доста активен на социјалните мрежи, а со своите интересни статуси и фотографии често умее да ги насмее своите фанови.
Игор деновиве објави фотограгија со маичка на која имаше интересен натпис и „објасни“ што е витамин Б.
Мачката со интересен натпис имаше нацртано пива, па како витамин б1 беше претставено едно пиво, за б2, две пива, за Б6 имаше нацртано 6 пива, а за Б- комплекс имаше нацртано буре со пиво.
Секако ваквата објава насмеа многумина и не остана незабележана.
Игор често знае да напише и по некој интересен статус и да предизвика низа коментари.
Еден таков беше кога „предложи“ ново име за државата па напиша „Северина Македонија“.
Инаку Игор е доста активен на театарската сцена, ужива во секој момент од животот и е среќно вљубен во планинарката Илина Арсова.
Уживаат во секој момент од нивната љубов, а за тоа сведочат бројните фотографии на социјалните мрежи.
Патувања, уживања во природните убавини во Македонија … сето тоа е дел од животот на Илина и Игор.
Иако Игор кон крајот на 2019 година изјави дека во неговиот живот повеќе нема место за жените, по разводот со неговата поранешна сопруга Искра Канзурова, е чини дека нештата се промениле и Илина навлезе длабоко во неговото срце, па актерот сега зрачи со љубов.
Во едно интервју за „Бекстејџ“ тие раскажаа дека се запознале преку заеднички пријатели пред пет години.
„Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација.
По неколку месеци ми се случи првиот здравствен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја“ – раскажа Џамбазов за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Од тој ден тие се еден од омилените парови во Македонија.
Инаку, денес и е роденден на неговата сестра Татјана Џамбазова, па тој со следниве зборови и оваа преубава фотографија и го честиташе преку социјалните мрежи.
„Кога пред 30 години си замина од дома, сфатив дека Македонија е премала за тебе. Сега тоа го мислам и за светот. Среќен ти роденден, систер!“
Тања живее во САД. Таа е архитекта која со успех работи во компанија за дизајн на софтвер во Сан Франциско.
Таa ретко доаѓа во Македонија, а при една од своите посети во нашата земја на својот брат му приреди вистинско изненадување, Имено, пред неколку години, кога Игор ја промовираше својата книга во салата „Борис Трајковски“, во еден момент на промоцијата се појави и Тања.
„Пред пет години, срце стегнато од страв. Денес, ќе ми експлодира од среќа“, напиша Тања тогаш и ги означи својот брат и неговата девојка Илина Арсова.
Таа застана во редот и чекаше нејзиниот брат да и даде потпис, кој не знаеше дека е вратена во Македонија. Нејзиното лицето и беше покриено со книгата и кога Џамбазов виде кој е во прашање, и двајцата не можеа да ги сокријат емоциите што толку време не се виделе.
Во 2016 година Тања сними три филма во Сан Франциско, играше руски емигрант во Канада, учителка по пијано од Источна Европа, како и Хелена, жената на познатиот драмски писател Бертолд Брехт.
Погледнете како таа изгледа денес:
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова
Фото: Инстаграм/ Татјана Џамбазова