Игор Џамбазов со тажна порака се збогуваше од Мето Јовановски: „Збогум за миг, и до скоро видување…”
За тие неколку недели на пробите научив повеќе за глумата, отколку на сите часови на академијата, вели Џамбазов за својот драг пријател и колега
Игор Џамбазов се збогуваше од својот драг колега
Познатиот актер на Инстаграм сподели фотографија од Мето Јовановски со емотивна порака со која растажи многумина.
„Драг мој Методија, Се сеќавам на нашата прва заедничка претстава. ‘Смртта на Дантон’, Драмски театар, осумдесет и некоја.
Ти беше Робеспјер, а јас бев Сен-Жист.
И плус бев во облаци. Јас, мочкото од Козле, на иста сцена со тебе. Како во совршен сон. За тие неколку недели на пробите научив повеќе за глумата, отколку на сите часови на академијата.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, МТВ
Ти и не беше свесен колку мене ми значеше сето тоа…
‘Збогум сега за миг, и до скоро видување…’ Почивај во мир, напиша Џамбазов на својот профил на Инстаграм.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, вчера сите ги изненади тажната вест дека на 77 годишна возраст починал нашиот познат актер Мето Јовановски.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, МТВ
Станува бор за еден од нашите најдобри актери кој остави белег како во театарската, така и во филмската уметност.
Ќе остане запаметен по неговите грамадни улоги во култните филмски остварувања како „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање“, Пред дождот, „Среќна нова 49-та“, „Второ полувреме“, но и по бројните театарски улоги во кои исто така беше ненадминлив.
Сцена од „Тетовирање“
Во продолжение погледнете и неколку фотографии од некои од филмовите во кои што играше и овој маестрален актер.