Реклама
Наши ѕвезди

ИВОНА ГО САКА ТОШЕ ПРОЕСКИ ОТКАКО ЗНАЕ ЗА СЕБЕ – нејзиниот живот се промени по средбата со него

Ивона е девојка со раскошна убавина и уште пораскошен глас

Реклама

Ивона Нацевска е млада оперска пејачка од Македонија која во последно време се почесто го привлекува вниманието и на социјалните мрежи.

Но Ивона деновиве е во центарот на вниманието и заради концертот што на 21 јули ќе се одржи во фоајето на Национална опера и балет.

Гостин на концертот ќе биде пијанистот од Италија, Антони Чачо, а концертот ќе се одржи во рамките на Скопско лето 2023.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Инаку, Ивона е шармантна убавица и наша млада оперска дива која полека ја освојува класичната сцена и љубовта на публиката.

Маркетинг

Таа кон крајот на минатата година го одржа својот прв солистички концерт, а работи во Националната опера и балет.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Ивона по потекло е од Тетово, кае што и живее, но секојдневно патува во Скопје, така што постојано е во овие две места во Македонија.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Како што самата откри во интервјуто за Гламур, операта е нејзина прва љубов, а освен со музиката се занимава и со фотографирање.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Ивона во ова нејзино интервју ни откри и дека Тоше Проески бил најголема инспирација да се заљуби во музиката.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

„Него го сакам, буквално, од кога знам за себе. Пораснав со неговата музика, потсвесно посакував и јас да влезам во тој магичен свет на нотите, а кога дознав дека бил оперски пејач уште повеќе ја засакав операта. Има една интересна ситуација што ми ја раскажаа моите родители. Кога сум имала две години, Тоше правел концерт овде во Тетово, сме биле блиску до бината, татко ми ме држел во раце, едно време Тоше ме земал во прегратка и продолжил да пее со мене на сцената. Многу ми е криво што никако не можам да најдам макар една фотографија за спомен од овој момент, криво ми е што јас не се сеќавам, сум била многу мала“, вели искрено сопранот Ивона.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Нејзината музикалност од страна на родителите е препознаена уште кога имала само 5 години, па така станала член на детскиот хор „Лале“.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Ивона подоцна ќе стане член и на ГЖМХ Менада, а потоа се запишала на нижо музичко училиште каде научила да свири пијано, бидејќи овој инструмент е задолжителен за секој оперски пејач.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Таа е поприлично активна и на социјалните мрежи, а како оваа убавица изгледа во виртуелниот свет, погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button