Ибрахимовиќ прозборе за болеста на синот: Бев недопирлив додека не станав татко- неговата болест ме скрши!
Koга ќе се спомене името на кој било фудбалер, а особено на оние од рангот на Златан Ибрахимовиќ, често може да се слушне коментарот: „Лесно им е“. Од една страна, факт е дека повеќето од нив водат удобен живот, но фудбалските ѕвезди не се изземени од грижите и проблемите што го мачат „целиот обичен свет“.
Во книгата „Јас сум Златан Ибрахимовиќ“, чиј автор е Давид Лагеркранц, најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, кој по потекло е од БиХ, зборуваше за својата блескава кариера, но и за тешкото детство, семејство, па дури и моментите кога сите пари во светот не би можеле да помогнат.
– Со Макси се беше ново, а забележавме дека многу повраќа. Освен тоа, не се здебели, туку ослабел. Не знаевме зошто. Дали е тоа нормално? Цело време повраќаше, не ја знаевме причината. Ги повикав семејството, пријателите и сите ме тешеа дека не е ништо страшно, но јас не верував. Се обидував да се утешам – сведочеше Златан Ибрахимовиќ за тоа како неговата сопруга Хелена и тој веднаш по раѓањето на синот се соочиле со сознанието дека бебето е болно.
– Целото тело ми се грчеше. Никогаш не сум се чувствувал вака, ниту блиску. До раѓањето на детето бев господин недопирлив. Можев да бидам лут и луд, можев да покажам секакви емоции. И се би можело да се реши доколку сте биле цврсти, упорни, но ова не било така. Тука бев немоќен, едноставно ништо не можев да направам. Макси од ден на ден стануваше се послаб, беше толку мал и сега навистина се забележуваше дека е коска и кожа. Изгледаше како животот да сака да го остави.
Кога сопругата му ја соопштила лошата вест, дека на детето итно му е потребна операција на стомакот, Златан се подготвувал за важен натпревар.
– Не се сеќавам на патот до болницата. Се сеќавам само на болничките ходници и на мирисот. Истрчав и прашав само кадее, каде е, на крајот ме однесоа во големата сала каде што лежеше Макси во инкубаторот. Беше помал од кога било, како мала птица. Имаше цевки низ телото и носот. Како да ми го извадија срцето од градите.
– Ве сакам двајцата. Ти си ми се, но не можам да го поднесам ова. Јави ми се што ти треба, и реков на Хелена и побегнав од таму…
За среќа операцијата била успешна.
– Макси се уште има лузна. Тој се чувствува здрав како и сите деца на негова возраст и често се сеќавам на тој настан. Тоа ми дава подобар поглед на животот, искрено заклучи Златан Ибрахимовиќ, кој набрзо доби уште еден син, Винсент.
Имено, со години наназад поранешната шведска манекенка, а денес маркетинг консултант, Хелена Сегер, има голема улога, а можеби и најважна во животот на еден од најпознатите фудбалери на светот.
Ибрахимовиќ никаде не оди без неа, а кога ќе го прашаат да прокоментира некоја друга жена, тој секогаш ќе каже: „Како тоа мислите друга жена. Јас сакам само една жена!“
Тие се запознале кога Златан имал 21 години, а таа 32. Кога прв пат се сретнале, тој со своето Ферари го заградил нејзиниот Мерцедес, а како што таа вели, тогаш го забележала само неговиот носи и златниот часовник на раката.
„Бев лошо расположена и му се развикав. Мислам дека тоа му се допадна“, изјави Хелена во едно од нејзините ретки интервјуа дадени за медиумите.
Таа има 49 години и се уште изгледа фантастично, иако не троши премногу време на изгледот. за неа се зборува дека е опасна во бизнисот, а факт е дека и на нејзиниот сопруг му помогна многу во кариерата.
Фудбалерот и поранешната манекенка заедно се 14 години, а плод на нивната врска се нивните два сина.