Во семејството на Цеца Ражнатовиќ сите се пресреќни поради тоа што Вељко наскоро ќе застане на лудиот камен
Невестата ужива во бременоста, подготовките за свадбата на големо течат, организирана е и моминската вечер.
Но ова не и е прв пат на Цеца да треба да организира една ваква гламурозна прослава. Имено, таа ги организираше и прославите на родендените на своите деца кога тие наполнија осумнаесет години кои исто така беа настани за кои долго време се пишуваше во медиумите.
Цеца во едно интервју изјави дека е пресреќна што нејзината снаа е бремена и што Вељко ја избрал токму неа.
Но она што деновиве ги изненади сите, е пишувањето на некои медиуми од соседството дека и нејзината ќерка наскоро би можела да скокне во тавче.
Имено, Цеца објави една фотографија од Анастасија на која се гледа дека нејзината наследничка има прстен на раката.
Таа набргу потоа објави и фотографија на која држи чаша со шампањско во рацете, па фановите помислија дека во домот на Цеца повторно ќе се слави.
Но на крај се дозна дека во прашање се само фотографии направени за потребите на еден едиторијал.
Ќерката на Цеца најверојатно се уште нема намера да застане на лудиот камен, и се уште нема ништо кажано за тоа.