Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, деновиве беше во центарот на вниманието како заради својата врска со фудбалерот Немања Гудељ, така и заради роденденот. Таа сега објави и една снимка на која блеска во интересно пролетно издание и повторно никого не остави рамнодушен.
Младата пејачка овој пат облече комплет со преубав цветен дезен и тоа во нијанса која е тренд број еден оваа пролет.
Маркетинг
Во прашање е комбинезон во кој ќерката на Цеца изгледа одлично, а во центарот на вниманието е нејзиното убаво тело.
Таа и претходно ги воодушеви сите кога носеше парчиња во оваа тренди боја, додека беше на посета кај своето момче во Севиља.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Но за разлика од тогаш, Анастасија сега носеше тесни панталони и „кроп топ“ со кој го истакна својот рамен стомак, а целото издание го заокружи со сако во истиот цветен дезен, црна луксузна чантичка и црни сандали со тенки ремени кои совршено се вклопија во целото издание.
Таа и кога беше во Шпанија покажа едно фантастично издание во најпопуларната боја за оваа сезона, а носеше и чанта во иста нијанса.
Во прашање е една од омилените чанти што оваа година ја носеа сите најголеми трендсетерки, а жените ја обожаваат затоа што го враќа духот на старото време и изгледа шик, посебно во едно вакво издание.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Погледнете ги и останатите фотографии на кои таа носи скапоцени чанти какви секоја дама би посакала да ги има.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
На оваа фотографија во рацете држи чанта од 2345 евра, додека на следната носи модел од познатиот бренд YSL од околу 2750 долари.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .