И холивудските ѕвезди можат да им завидуваат на овој луксуз – ПОГЛЕДНЕТЕ во каков раскош уживаат Карлеуша и Тошиќ
Тошиќ позираше на омиленото место на неговата сопруга во нивниот лукузен дом, а обожавателите на пејачката веднаш почнаа да се шегувааат на негова сметка
Пред неколку дена сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, пристигна во Белград.
Тој потоа замина за Италија, но пред да тргне на патување објави фотографија од семејниот дом.
Фудбалерот со фотографијата веднаш привлече внимание на социјалните мрежи посебно што позираше на едно од омилените места на Јелена Карлеуша за правење „селфи“ фотографии во нивниот дом.
Имено, тој позираше во лифтот што го имаат во нивната куќа, а со својот стајлнг ги воодушеви припадничките на поубавиот пoл.
Многу фанови ја споделија неговата фотографија, а некои и се пошегуваа со поприлично смешни коментари.
„Видел од саканата како се позира, одличен петка“, „Каков мачор е, со годините изгледа сé подобро“, „Го научи Карлеуша да прави најјаки фотографии“, „Недостига само таа покрај тебе, но кој би можел да поднесе толку пpoвокации во еден кадар“, беа само некои од коментарите на фановите.
Парот има лифт во дневната соба?
Инаку Јелена во една пригода токму за овој лифт изјави дека го има намерно за да ги иритира луѓето.
„Мојот лифт во дневната соба служи исклучиво за ‘селфијата’. И да ги нервирам луѓето, секако. Но за тоа помалку“, напиша своевремено Јелена под една своја фотографија што ја има објавено на социјалните мрежи.
Таа не ретко позира пред огледалото од лифтот, а некои од нејзините лифт изданија погледнете во продолжение.
Карлеуша на една од своите последни фотографии на социјалните мрежи позираше токму на ова место, кога никого не остави рамнодушен со кусиот фустан во крем боја кој го носеше со јакна и чизми во иста нијанса.
Кусото здолниште ги истакна долгите нозе на Јелена и виткото тeлo, а фановите беа согласни дека пејачката и покрај тоа што е облечена во парчиња со кои не ги истакнува атрибутите, повторно изгледа пpoвoкативно.
Инаку, куќата во која што живее семејството на познатата пејачка Душко Тошиќ го купи во 2018 година од Драган Стојковиќ Пикси.
Куќата се наоѓа во близина на нивниот поранешен дом, а големиот двор целосно е опкружен со високи ѕидови и зеленило.
Во куќата имаат надворешен и внатрешен базен, пет тоалети, голем број соби и секако неколку соби кои на популарната пејачка и служат како гардеробери.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша