И сопругата на Мицкоски ги изненади сите – со голи нозе и „голи“ високи потпетици го дочека папата Франциск
Роза, сопругата на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, седеше во првиот ред на плоштадот Македонија во Скопје каде поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, отслужи миса.
Таа во кусо здолниште, проѕирни хулахопки и „nude“ високи потпетици седеше на само неколку метри од папата Франциск кој денес е во историска посета на Република Македонија. Ова веднаш го забележаа нашите медиуми кои го критикуваа ваквиот гаф на Роза, бидејќи го прекршила протоколот поврзан со кодексот на облекување при посетата на папата.
Имено, според овој кодекс на облекување за жените е дозволено да носат црни, едноставни кроеви, но и фустани и здолниште кои се со покриени раце и со должина до под колена, додека кусите здолништа се неприфатливи.
Ваква грешка направи и поранешната прва дама на Македонија, Маја Иванова, која во слично издание го пречека папата во Вила Водно.
Но без разлика на тоа што Роза ги прекрши правилата, мораме да признаеме дека изгледа одлично во ова издание.
Што мислите вие?