Изреките дека некој „продава магла” или „го наплатува воздухот” сега се поткрепени со докази.
Имено, една швајцарска компанија почна да продава свеж воздух во лименки наменети за жители на силно загадени градови, како што се оние во Кина и Индија .Според компанијата, воздухот се собира на различни локации во швајцарските Алпи и потоа се компресира во конзерви со маска за дишење.
Седумлитарската конзерва чини 20 швајцарски франци (околу 400 денари) и содржи доволно воздух за околу 120 вдишувања или десет минути.
„Производот е наменет за население кое живее во многу контаминирани подрачја, кои можат да го скратат животот и да предизвикаат многу болести”. Едно од овие швајцарски пакувања не е решение за проблемот, но толку е убаво кога можете да земете чист и свеж воздух за момент “, вели претставник на компанијата Дени Вур .
Money for nothing? Swiss startup sells bottled fresh Alpine air to residents of polluted cities https://t.co/gss6xM7uO9 pic.twitter.com/pKJTo7zMlc
— RT (@RT_com) September 20, 2017
Тој открил дека нарачките се големи, и вели дека кинеските туристи во посета на Алпите се воодушевени од овој „производ “.
Што велите за идејава?