И Сашо Мијалков со емотивна порака се прости од својот пријател и ПОРАНЕШЕН колега: „ Драг пријателе, беше легенда 102,3%!“
Пријателите и колегите изразуваат длабоко сочувство до семејството и најблиските на Амбди Бајрам.
Поранешниот политичар Амди Бајрам беше долгогодишен пратеник во собранието на република Македонија и претседател на партијата Сојузот на Ромите.
По враќање од Турција, каде беше заедно со семејството заради свадбата на внуката, на Амди ненадејно му е слошило, по што беше префрлен во клиниката Жан Митрев каде ја изгуби битката. Тој подолго време имаше проблеми со срцето, а неодамна му беше ампутирана едната нога заради што изминатиов период беше мошне тежок за него.
Но како што самиот изјави во една пригода, тој не губеше надеж и планираше по закрепнувањето повторно да и се врати на политиката.
Неговите пријатели и колеги се простуваат од него и изразуваат сочувство до семејството, а еден од нив е и Сашо Мијалков.
Еве што напиша тој на Фејсбук:
Драг пријателе, Беше легенда 102,3%! Со својата појава и уникатно однесување ќе останеш долго запаметен на јавната сцена. Ромите загубија човек на кого можеа да се потпрат и да побараат помош, а ние загубивме драг пријател и соработник. Сочувство до твоите најблиски. Почивај во мир легендо !
Амди Бајрам во македонската политика беше активен цели 26 години откако во 1994 година стана пратеник како член на Партија за целосна еманципација на Ромите. Тој откако наполни 64 години се збогуваше од парламентот, но остана на чело на Сојузот на Ромите која што ја основаше во 1996.
Инаку, Амди беше добар пријател со Сашо Мијалков. Тој во една прилика, како гостин во емисијата „Еден на еден“, на прашањето кој од неговите колеги е најдобар а дружење во кафеана, изјави :После Бранко, Сашо Мијалков“.
Тие беа заедно и неколку пати на ромскиот бал, каде Мијалков беше претставуван како еден од најголемите пријатели на Ромите. Токму фотографија од текстот за нивното заедничко дружење на еден ваков ромски бал сподели Мијалков заедно со неговата проштална порака.