Реклама
Наши ѕвезди

„И Ријана и Лејди Гага се само моја бледа копија“. Погледнете, ова се најневеројатните трансформации на Сузана Спасовска

Реклама

Таа е препознатлива и по нејзините промени

Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска

За време на својата долга музичка кариера фолк пејачката Сузана Спасовска често ги менуваше фризурите и стиловите, а тоа досега можевме многу пати да го видиме.

Сузана Спасовска важи за една од нашите најпознати фолк пејачки. Во деведесеттите години на минатиот век сите зборуваа за нејзината ексцентричност во облекувањето, а во тек на кариерата многу често ги менуваше и фризурите. И не ретко промените одеа од една во друга крајност. Од црвена коса каква денес носи Зорица брунцлик, до буквално избричена глава уште во 1994 година Таа носеше и перики и уметоци за коса, а како што самата ќе истакне во едно нејзино интервју, истите ги купувала за време на своите настапи низ светот.

Маркетинг

Таа на еден свој концерт се појави со мотор на сцената, а не ретко носеше и чизми над колена со екстремно високи потпетици кои се хит и денес.

Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска

„Можеби е нескромно, но морам да кажам дека сѐ што се случуваше ново на сцената, интересно, поинакво и чудно го донесов јас. Бев прва во сите стилски лудории изјави Сузана пред неколку години во интервју за весникот Вест. Таа меѓу другото и им порача на своите колешки од помладата генерација да не заборават дека сето она што тие денес го прават, некој го правел тоа пред нив и дека оригиналот е се уште тука и присутен на сцената.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска

Лејди Гага ме копира

– Јас сум вистински камелеон и Лејди Гага и Ријана можат само вода да ми носат, вели фолк ѕвездата во едно нејзино интервју. Ексцентрична, со перики во јаки бои, и уникатна шминка, ја паметиме Сузе на почетокот на деведесеттите години, кога останатите пејачи од нашата естрада на настапи се појавуваа во строги костимчиња и уредно исчешлани.

Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска

-Да, отсекогаш си бев своја и оригинална, и секако, храбра, затоа што во тоа време, пред дваесеттина години никој на нашата естрада не се осмелуваше да стави перика. Да не зборувам за оние кои што јас ги купував специјално за настапи и фотосесии, во јаки бои, невообичаени. Некои од периките ги купував кога одев на настапи надвор од земјава, а пак некои ги добивав по нарачка од Франција, од Америка, од Италија. Во тоа време одвојував многу пари за својот изглед, прва ставив леќи во боја, правев фотосесии, и на секое мое јавно појавување се трудев да бидам различна. Сега кога ја гледам Лејди Гага знам дека ако бев родена во Америка, јас ќе бев првата Гага, и тоа дури пред дваесет години! А истото важи и за Ријана, да не ја спомнувам српската фолк пејачка Сека Алексиќ и останатите кои што по мене ја избричија главата. Јас за прв пат ја избричив главата во 1994 година! Тогаш тоа беше шoкaнтeн потег за мојата околина, а пак јас уживав во новата фризура и се чувствував ептен ceкcи! Постои една голема разлика помеѓу светски познатите Гага и Ријана и помеѓу мене, а тоа се финансиите. Кај нас од модерен изглед не се прават милиони, туку само може да се привлече и задржи вниманието на публиката, додека на запад од една перика може да се направи бренд”, изјави Сузе пред неколку години за Вест .

Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска

Погледнете уште неколку нејзини модни трансформации:

Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button