И покрај тоа што Карлеуша го засрами пред цела јавност, тој никогаш НЕ изгледал подобро
Српскиот фудбалер Душко Тошиќ, кој игра за кинескиот клуб „Гвангжу RF”, минатиов период се најде во центарот на вниманието поради неверството на неговата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша.
Според она што деновиве можевме да го прочитаме во медиумите, Јелена веќе цели две години го изневерува Душко со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, а откако експлицитните фотографии, видеа и пораки се појавија во јавноста, оваа афера не престанува да го тресе целиот Балкан.
Душко и Јелена не беа задоволни од непријатната ситуација, па со денови ги избегнуваа медиумите и беа во „длабока илегала”, а потоа се вратија во своето нормално секојдневие.
Пејачката се врати на своите деловни обврски, а Душко, кој со денови молчеше, почна повторно да се огласува преку социјалните мрежи. Имено, тој им покажа на своите фанови како ужива во еден елитен ресторан во Кина, облечен во црн костум и бели патики, и многумина коментираат дека изгледа многу заводливо и никогаш подобро.