Згодниот Ден Едгар и убавата Амбер Тарнер кои се прославија со учеството во популарната британска ријалити серија „Towie“ и во приватниот живот се момче и девојка, а деновите ги поминуваат на одмор на грчкиот остров Крит.
Серијата Towie (The Only Way is Essex) за многу кратко време стана популарна и се разликува од останатите затоа што со неа започна и еден нов телевизиски жанр – реалистична драма. Имено, во сапуницата се појавуваат вистински луѓе во измислени ситуации, а секоја епизода вклучува сцени кои се снимени само неколку дена пред да се емитуваат.
Ден и Амбер беа забележани додека се опуштаат во базен во нивниот хотел на Крит. Тие не се грижеа премногу за папараците кои беа во нивна близина, а дрскиот Ден целото време не го испушташе нејзиниот задник од рацете.