И познатата поп-пејачка бара да се воведе смртна казна за убијците на Вања: „Како мајка на две девојчиња…“
„Немам зборови да го опишам ова чувство во мене“
„Немам зборови да го опишам ова чувство во мене“
Познатата пејачка и поп-дива Јелена Карлеуша се огласи во врска со трагичниот настан што го потресе целиот Балкан.
Целиот регион е во шок по монструозното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес.
Бројни познати личности од Македонија, но и од регионот се огласија и изразија сочувство до ужаленото семејство, а една од нив е и балканската поп-дива Јелена Карлеуша која скршена од болка заради трагичниот настан се огласи на својот Инстаграм.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
„Ги следам случувањата во Македонија и како мајка на две девојчиња од 14 и 15 години, немам зборови да го опишам ова чувство во мене…“
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
„Заради убиството на малата Вања, заради луѓето што тоа го направија, заради таткото што го намести своето дете… Гласам за воведување на смртна казна“, напиша Карлеуша и изрази сочувство до семејството.
„Сочувство до семејството, мајката… Издржете…“ им порача познатата пејачка преку својот Инстаграм профил.
Фото: Фејсбук
Потсетуваме, по грабнувањето и убиството на малата Вања Ѓорчевска чие тело беше пронајдено на 3 декември, во атарот на селото Бразда, на социјалните мрежи почна да се шири петиција за воведување на смртна казна која досега десетици илјади граѓани од Македонија ја потпишаа.
Фото: Фејсбук
Од овие причини се огласи и македонскиот министер за правда, Кренар Лого, кој истакна дека уставот на нашата земја забранува смртна казна, но и дека според него тоа би било спас за монструмите.
Фото: Фејсбук
Како што потенцираше министерот, македонскиот устав ја забранува смртната казна, а имаме и усвоени протоколи и конвенции кои исто така забрануваат враќање на смртната казна.