Трендсетерките ги обожаваат овие чанти
Станува збор за моделот „bucket“ кој наликува на кошниците што некогаш ги плетеле нашите баби. Тие можат да бидат плетени со слама, бамбус или дрво и се голем хит веќе неколку сезони, а ги обожава и Сиена Милер.
Познатата актерка деновиве на еден настан се појави во бел фустан со кратки ракави и карнери од „Valentino“ кој го носеше во комбинација со нежно розови сандали со блок потпетици, двобојни очила за сонце со потписот на брендот „Tura“ и симпатична плетена кошница од „Aranaz“.
Плетената кошница обложена со ткаенина во внатрешниот дел се вика „Marais“ и се продава по цена од околу 200 долари. Во прашање е бренд од Филипините зад кој стојат мајка и две ќерки – Беки, Амина и Росана Араназ.
Брендот постои од 1999 година…
Marais, Aranaz
Погледнете и други вакви плетени кошници:
ASOS
Mango
Zara
Zara