И по толку години болката не стивнува: Ќерката на Гоце Арнаудов му посвети емотивна порака
Нaвршија 11 години без легендарниот македонски пејач, а по тој повод се огласи и неговата ќерка.
Харита напиша емотивна порака за својот татко.
Гоце Арнаудов беше еден од најдобрите машки вокали на македонската фолк сцена.
Нема некој што може да остане рамнодушен кога ќе апочне негова песна.
Без неговите песни не може да помине ниту една семејна прослава и забава, остави трајни вредности, остави стихови кои секогаш ќе ја отсликуваат македонската судбина. Пејачот кој никогаш нема да биде заборавен.
Тој има напишано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место.
Зад себе остави ризница хитови како „Огин и пламен“, „Ај да беше стрела песната“
„Дали чекаш стара мајчице“, „Штом ноќта помине“… и многу други.
Неговиот приватен живот отекогаш бил интригантен за јавноста.
Долги години беше во брак со Силвија, со која ги има ќерката Харита и синот Оскар.
Популарната пејачка Кристина Арнаудова е неговата вонбрачна ќерка, а нивниот однос беше исполнет со турбулеции.
Таа единствено го има наследено талентот за музика од него.
Кристина е во добри односи со својата сестра Харита, која пак има само убави спомени поврзани за нејзиниот татко. Оскар е единствениот син на Гоце, кој никогаш не се експонирал во јавноста.
Помина 11 години од згаснувањето на животот на легендарниот пејач.
Харита на социјалните мрежи често споделува емотивни статуси поврзани со нејзиниот татко, па така беше и овој пат.
Харита напиша емотивна порака а својот татко.
Таа ја сподели посветата што ја напиша а него минатата година, а овој пат додаде:
„…11…
А љубовта и песната живи се…“.
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова