И по 30 години кариера нема проблем да позира во кocтим за капење – македонската пејачка и денес е во цутот на својата младост!

Не се важни годините, туку како се чувствувате…

Фолкерката Ирена Спасовска која наскоро треба да заплови во шестата деценија од животот овој период го дочекува ведра и посреќна од кога било досега.
Познатата македонска фолк-пејачка ова топло лето го помина далеку од градската гужва, покрај море во Египет која е една од нејзините омилени дестинации, а на една од своите последни фотографии таа напиша:
„Мир, хармонија и среќа, затоа што тоа јас го заслужувам“.

На фотографијата таа позира во цветно здолниште но и горен дел на костим за капење со кој ги воодушеви сите.

Таа во последно време често објавува фотографии на Инстаграм, а нејзините обожаватели се повеќе ја фалат за нејзиниот изглед.

А тоа дека навистина нема проблем со својот изглед покажуваат и бројните нејзини фотографии на социјалните мрежи на кои позира во костими за капење.

Што се однесува до своите години, таа во една пригода ќе изјави:
„Не дека јас сум стара, туку едноставно почнав да пеам на 14-15 години, и затоа вела не сум ни толку стара, иако некој ќе рече: Леле, од кога пее Ирена? И сите добиваат една погрешна слика. Инаку сум во цутот на најубавата младост“, се пошегува на своја сметка пејачката во емисијата Фолк ексклузив.

Што се однесува до нејзиниот приватен живот, таа е самохрана мајка која како и сите мајки се соочува со оние убави, но и помалку убави работи што ги носи животот на една тинејџерка. Но таа воедно е и најдобра другарка со својата ќерка Тамара, а колку е горда на неа покажа и тоа што Ирена често споделува нејзини фотографии под кои секогаш ќе напише и по неколку емотивни зборови што ја откриваат нејзината голема мајчинска љубов и посветеност кон неа.

Инаку Ирена на македонската сцена се појави при крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години на минатиот век.

Нејзините први настапи се случија кога имаше само 14 години, а на 16 ќе биде најмладиот учесник на Фолк-фест Валандово.

Тоа се случи во 1988 година кога заедно настапи заедно со нејзината колешка Андријана Алачки, а подоцна во животот ќе се вљуби во новинарот и поранешниот директор Фолк-фест Валандово, Орце Гелевски.

Но во 2018 година тие ќе е разделат по 13 години врска, а во јавноста ќе испливаат гласини дека се разделиле поради неверство.
„Жал ми е што се најдовме во центарот на вниманието за една ваква тема, или попрво би рекла недоразбирање. Приказните за трета личност во нашата врска воопшто не се вистинити, а мене најмногу ме повреди тоа што Орце не ме заштити од сите напади, лажни обвинувања и пишувања во медиумите“, ги демантираше овие гласини Ирена своевремено во едно нејзино интервју дадено за порталот „Фокус“.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
