Реклама
Кафе муабет

И официјално стана дел од неговото семејство: Немања Гудељ со оваа изјава откри како се согласуваат со Анастасија по загубата на бебето

Тие се посилни од било кога...

Реклама

По загубата на бебето, Анастасија и Немања се посилни од било кога.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Нивната љубов од ден во ден е се поголема а доказ за тоа се и фотографиите и изјавите кои ги дава фудбалерот.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Пејачката и фудбалерот не се одвојуваат еден од друг а секој момент кога тоа им го дозволуваат професионалните обврски го користат да го поминатг заедно.

Маркетинг
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Гудељ и Ражнатовиќ по пристигнувањето во Србија на неколку дена отпатувале за Требиње каде имаа можност да се дружат со тамошните идни фудбалери. По тој повод Немања даде и интервју кое се појави на TikTok.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Веројатно две-три години не сум бил во Требиње поради обврските. Штом ми се укажа можност да дојдам ја искористив и дојдов во мојот крај, каде што јас како мал Немања го поминував своето време и каде ме врзуваат убави спомени. Ова е иднината на нашиот фудбал, за мене е прекрасно. Андалузија и Херцеговина ги поврзува Немања – изјави Гудељ.

Маркетинг
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

А дека Анастасија и официјално стана нераскинлив дел од него, се забележува и од зборовите кои следеа, кога почна да зборува за својата вереница, иако новинарката не му поставуваше прашања поврзани со приватниот живот.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Секогаш и велам на Анастасија „Тоа е херцеговската глава“. Анастасија за прв пат дојде овде во Требиње. И кажав дека ќе и се допадне. Воодушевена е од градот, природата, луѓето… – рече Немања низ насмевка, зборувајќи за Анастасија, но и за родната Херцеговина.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Да потсетиме, Анастасија и Немања го изгубија бебето во шетиот месец а тажната вест фудбалерот ја сподели на социјалната мрежа Инсаграм.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Со вас споделивме добра вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов ќе го надмине и ова – напиша фудбалерот на својот Инстаграм профил.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button