Јарците се стрпливи луѓе кои ја прифаќаат својата судбина, без оглед колку долго им треба за да ги остварат своите цели.
Јарецот може да преживее скоро се, дури и кога се соочени со тешки препреки на патот, секогаш се победници на крајот.За нив не постои сива нијанса – за нив е се црно или бело!Никогаш не се задоволни од своите резултати и секогаш сакаат да бидат подобри.
Јарецот често чувствува вина и не знае како да си прости поради своите грешки.
Не сака да ги покажува своите емоции пред другите луѓе затоа што тоа ги прави послаби. Повеќе сакаат оваа страна да ја сокријат во себе.Без оглед колку го навредувате Јарецот, тој секогаш ќе знае како да остане мирен и ќе ве натера да се покаете поради секој понижувачки збор кој сте го изговориле.
Јарецот ужива да ги прави среќни луѓето.Тие мразат да им кажуваат што треба да прават. Генерално, тие даваат наредби, а не обратно.Тие се одлучни слушачи и даваат многу корисни совети.Ако ви кажат дека спрема вас имаат посебни чувства би требало да се чувствувате посебно, бидејќи тоа на никому нема да го кажат.Кога се чувствуваат повредено, се што им е важно го снемува.