И Зуица Лазова не е имуна на бакшишот – цела кафана распеана, пејачката знае што им треба на гостите
Пејачите понекогаш и со една песна заработуваат куп пари
Познато е дека нашата публика сака да ги награди пејачите што ги сакаат посебно која некоја нивна песна ќе ги „погоди“.
Од видеото што исплива на социјалните мрежи можеме да видиме дека ваквите награди за емоциите што ги предизвикува не можат да ја одминат и нашата популарна фолк-пејачка Зуица Лазова.
Имено, на снимката се гледа како Зуица им пее на гостите во еден ресторан, а тие понесени од нејзината песна, ја наградија со бакшиш.
Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова
Впрочем не е реткост нашите пејачи да добиваат бакшиш, а понекогаш и за една песна можат да заработат цело богатство.
Зуица пред десетиа години (фото: Фејсбук/ Зуица Лазова)
И денес благодарение на социјалните мрежи можеме да видиме како изгледаат ваквите моменти, но и како гостите уживаат и се забавуваат додека нашите музичари им ги пеат своите песни.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Видеото го сподели и Зуица на својот профил на Инстаграм, но колку таа заработи на овој начин си знае само таа.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Таа важи за една од нашите најдобри фолк-пејачки и најдобро ја познава својата работа, а колку публиката ја сака можевме да видиме и за време на нејзините настапи со караванот Македонија во срце те носиме, во организација на Скендеровски продукција, во кој настапуваше заедно со другите пејачи, а песната „Земјо мила“ ја изведуваше маестрално.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Како Зуица изгледаше и на еден од овие настапи, додека нејзината ќерка Македонка Петреска, која студира оперско пеењем ја снима, погледнете на крајот од галеријата што следува…
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска