И додека цела Македонија трагаше по Вања, еве што правеше главниот осомничен изминативе денови
Наскоро започнува прес-конференцијата на која министерот Оливер Спасовски ќе се соопшти детали во врска со убиството што го потресе регионот
Еден од главните осомничени во врска со киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска цело време во изминативе неколку дена беше мошне активен на социјалните мрежи, посебно на Фејсбук, но ниту еднаш не го спомена исчезнатото девојче по кое трагаше цела Македонија.
Тој еден ден по убиството на Вања споделува пост поврзан со посетата на министерот за надворешни работи на Русија.
И во текот на целото време додека траеше потрагата по исчезнатото девојче тој не објавува ниту еднаш нешто за овој настан.
Фото: МВР
Но наместо било што поврзано со исчезнатото девојче, ова осомничено лице цело време ги објавуваше своите политички ставови, како и ставовите на својата политичка партија.
Со ова негово движење се поврзани и останатите осомничени за убиството на 14 годишното девојче, кои се осомничени и за убиството на 74 годишниот Панче Жежовски.
На денот на исчезнувањето на Жежовски, 22. Ноември, Љ.П. имаше неколку политички објави на својот профил.
Фото: МВР
Потсетуваме, од обвинителството и МВТ за денес во 9.30 најавија прес-конференција, по краткото соопштение дека убиството на малолетната Вања и велешанецот Жежовски го извршила истата група од пет члена (повеќе за ова прочитај тука).
Како што објавија претходно од обвинителството, мотивот наводно бил користољубие, а повеќе информации ќе соопштат денес.
Прес-конференцијата ќе ја одржат министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бобовски, а закажана в во просториите на Јавното обвинителството. На пресот се очекуваат повеќе информации за улогата на скопјанецот Љ.П., за кого се тврди дека е во бегство, како и за член на семејството, за кого наводно постојат сомневања дека е дел од групата вмешана во случајот. Се очекува и детално објаснување за квалификацијата ,,користољубие” која е употребена во вечерашното соопштение за мотивите за убиствата.
Потсетуваме, претходно вечерва Обвинителството соопшти дека во текот на вчерашниот ден било пронајдено безживотното тело на Вања, како и дека од истрагата било утврдено дека таа е земена со возило од влезот на живеалиштето, а не дека исчезнала на улицата „Партизанска“ во близина на „Силбо“ и кафулето „Броз“, спроти Универзална како што претходно беше објавено во медиумите.
Од обезбедените информации од распитот, според ЈО, утврдено е дека Вања била убиена истиот ден кога е и грабната, околу 10 часот