И додека третото дете е на пат, ѕирнете како изгледа топлиот семеен дом на Шехерзад и Онур – простор исполнет со љубов и cтpacт!
Погледнете како изгледа семејниот дом на Шехерзад и Онур – ќе се изненадите од внатрешноста
Шармантната актерка Бергузар Корел (38) и нејзиниот 12 години постар сопруг, Халит Ергенч, важат за еден од најпознатите парови во Турција, но и покрај големиот број обожаватели, тие живеат мирен семеен живот.
Она што своевремено претставуваа Анџелина и Бред во Холивуд, тоа би можело да се каже и за нив во Турција. Тие денес живеат мирен семеен живот заедно со своите два сина, а Бергузар деновиве ги изненади сите кога преку социјалните мрежи откри дека повторно е бремена.
Тие најпрво ја освоија јавноста со нивната љубовна приказна во серијата 1001 ноќ, во улога на Шехерзад и Онур, за да подоцна истата љубов, ја започнат и во приватниот живот.
Нивната љубов ја озаконија во 2009 година кога се заколнаа на вечна љубов, а денес имаат два сина– Али (11) и Хан (1).
Бергузар во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи. Таа најчесто објавува интересни фотографии од топлиот семеен дом, а неодамна покажа како изгледа едно типично утро во нејзината куќа.
Од фотографиите можеме да видиме дека пастелните нијанси и дрвените елементи преовладуваат.
Тие на домот му даваат удобна и романтична атмосфера, додека семејните фотографии зрачат со топлина.
На фотографиите може да се забележи и делот од куќата кој е преполн со играчки, кој Бегузар го откри додека го фотографираше својот миленик.
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел