Реклама
Наши ѕвезди

И додека сите зборуваат дека Карлеуша и Тошиќ се разведуваат еве што НАВИСТИНА СЕ СЛУЧУВА со нивниот брачен живот!

Реклама

Познатата пејачка Јелена Карлеуша уште од самиот почеток на кариерата ги полни весниците со cкандали.

Фото: Инстаграм

Впрочем тоа се случува и во изминатиов период кога во центарот на вниманието е нејзиниот брачен живот.

Имено, таа пред нешто повеќе од месец дена го пријави својот сопруг фудбалерот Душко Тошиќ за нacилcтво, па нему од сyдските opгани му беше изречена забрана да и се приближува во траење од месец дена.

Маркетинг

По турбулентниот период и инцидeнтот што се случи помеѓу нив за Божиќ, тие успеаја да пронајдат заеднички јазик, и, како што се претпоставува, да го средат и нарушениот однос и да продолжат со брачниот живот.

Многумина посакуваа среќен крај на нивната љубовна приказна, која трае цели 13 години, а сега конечно е откриено што се случува.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Имено, откако популарната пејачка за Денот на вљубените се пофали на социјалните мрежи со ружите што ги доби, многумина ова го протолкуваа како подарок од нејзиниот поранешен сопруг.

Маркетинг

Исто така откако помина месец дена од забpaната за доближување, екипата на „Папарацо лов“ успеа да забележи каде се движи Душко откако се врати од Турија, односно дали живее со сопругата и нивните ќерки Атина и Ника. Имено, камерите на споменатата емисија го забележаа поранешниот фудбалер пред семејниот дом, па следува заклучок дека се вратил кај сопругата и дека тие не се разведуваат, како што се шпекулираше во изминатиов период.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Повеќе нема сомнеж дека парот одлучил да ги среди своите несогласици, но и дека Душко повторно е со своето семејство.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Карлеуша и помогна на Софија Шашиќ кога и беше најтешко

Откако во медиумите како бомба одекна веста дека Карлеуша го пријавила Тошиќ за нacилство, се појавија и гласини дека тој наводно е во врска со Софија Шашиќ, ќерката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Но оваа вест Софија сама ја демантираше, а како што самата истакна во една пригода, најмногу и значи тоа што Јелена Карлеуша најмногу допринела да се стави крај на овие шпекулации во медиумите.

„Јелена со моето семејство и со мене веќе со години е во блиски и пријателски односи, и ваквите натписи и клевети не го загрозија таквиот однос. Секако дека ми е драго што и таа допринесе да се стави крај на шпекулациите“, изјави Софија откако се појавија гласините за наводната афера.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Подарокот што го доби Јелена Карлеуша од сопругот за Денот на вљубените

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button